Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВЈТ Белград: Приведени осуммина, подготовувале напади врз државни институции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > ВЈТ Белград: Приведени осуммина, подготовувале напади врз државни институции
БАЛКАН

ВЈТ Белград: Приведени осуммина, подготовувале напади врз државни институции

Објавено June 30, 2025 00:38
Сподели
Сподели

Во заедничка акција на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на МВР на Србија и на Безбедносно-информативната агенција денеска се уапсени осум лица поради сомневања за кривично дело „Подготовка на кривично дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија“.

– Попладнето беа уапсени Д.С. од Ниш и Д.С. од Белград, додека Л.С. беше уапсен порано денеска од Заечар, И.М. од Смедерево, Л.С. од Крагуевац, Б.Б. од Белград, Н.П. од Сомбор и Д.Д. од Ниш – соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград.

Постојат основи за сомневања дека на 20 јуни 2025 година, во просториите на Електротехничкиот факултет и на 21 јуни 2025 година, во просториите на Градежниот факултет во Белград, меѓу другото, тие договориле и подготвиле напад врз државни институции, блокирање патишта и клучна инфраструктура низ целата земја, со цел насилно менување на државниот поредок.

Доцна попладнево и вечерва во Белград има големи протести на студентите во блокада и граѓани кои ги поддржуваат. Блокирани се населби, раскрсници и се одржува голем протест пред Палатата на правдата. Блокиран е вечерва и мостот Газела како и Панчевачки мост.

Студентите во блокада објавија дека приведените се студенти на факултети во Србија. Протести има и во Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Заечар, Лозница…Тие повикаа на граѓанска непослушност со блокирање на клучни точки на локално ниво, јавија белградските медиуми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петровска до Мицкоски: Среќна нова 1949!
Следна Статија Блокираат раскрсници: Откако им пропадна протестот, блокадерите не се откажуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ: Се надевам на воспоставување брза пруга меѓу четирите земји Унгарија, Србија, Македонија и Грција

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Белград, по средбата со унгарскиот претседател Тамаш Шујок, кој е во официјална посета…

October 28, 2024
БАЛКАН

Македонка била касната од отровна риба „Драгон“ во Грција

Македонка била касната од риба “драгон“ (или змеј) на плажа во Грција. Таа на социјалните мрежи го опиша пеколот низ…

August 13, 2025
БАЛКАН

На ред за бојкот е „Лидл“

Здружението за заштита на потрошувачите „Ефектива“ ги повика граѓаните во Србија да не купуваат во Лидл од денеска до 16…

March 10, 2025
БАЛКАН

Од следната седмица нови ограничувања на Света Гора – дозволени до 300 престои месечно за странски поклоници

Преку циркуларно писмо од 15 мај, испратено до сите манастири, Светата заедница, информирала дека од 14 јуни на Света Гора…

June 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?