Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски на средба со Марта Кос, планот за раст главна тема
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски на средба со Марта Кос, планот за раст главна тема
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Марта Кос, планот за раст главна тема

Објавено June 30, 2025 17:32
Сподели
Сподели

 Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска пристигна во посета на земјава по повод учеството на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан на која ќе се разговара за Планот за раст. Во Владата ја пречека премиерот Христијан Мицкоски, со кого е предвидено да одржат тет – а – тет средба по што ќе следи и билатерална средба со останатите делегации. 

На Меѓународниот аеродром во Скопје таа беше пречекана од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, кој и посака срдечно добредојде.

-Попладнево, во пресрет на утрешниот Самит на лидерите од Западен Балкан, имав чест да ја пречекам на скопскиот аеродром еврокомесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос. Евроинтеграциите не се само декларативна заложба, туку и јасна стратешка определба на Владата. Пред нас е исполнета агенда – денеска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе оствариме средба со еврокомесарката. Утре, на состанокот на лидерите од ЕУ и Западен Балкан, фокусот ќе биде ставен на Планот за раст, реформската агенда, како и на предизвиците со кои се соочуваат нашата држава и регионот на патот кон полноправно членство во Европската унија, објави на неговиот официјален фејсбук профил Муцунски. 

На лидерската чиј формален дел ќе започне утре најавено е присуство на лидерите од Западен Балкан, како и на министри, високи претставници од Европската унија, регионални организации и меѓународни институции. 

Во рамки на лидерската средба утре ќе се одржат два панела од кои првиот ќе биде посветен на Планот за раст на Западен Балкан и на него ќе се обратат премиерот Мицкоски и еврокомесарката за проширување, по што ќе следи заедничка прес-конференција. 

Вториот панел ќе биде посветен на конкретните механизми и поддршка за спроведување на Планот за раст.

Посетата на еврокомесарката за проширување на земјава минатата недела ја најави Европската комисија која соопшти дека Кос доаѓа во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан за Планот за раст и дека покрај премиерот Мицкоски, на средбата ќе присуствуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Карпошанец го истепал едниот, му го скршил мобилниот на вториот малолетен син
Следна Статија За Филипче, извештајот на ЕП каде се говори за вековен македонски идентитет е лош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Почина Митрополит Тимотеј

Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј денеска ја загуби битката за живот и почина во болница. Тимотеј изминатите неколку дена бил хоспитализиран поради…

November 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонија ќе учествува на ЕКСПО 2027 во Белград

Република Македонија го потврди своето учество на специјализираниот саем „ЕКСПО 2027“ во Белград – објави истоимената компанија. Македоннија ќе биде…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова: Обединета Европа значи посилна Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствува на самитот на Северноатлантскиот совет, кој се одржува на ниво на шефови на држави и…

July 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Договорот со Обединетото Кралство нова можност за конечно решавање на проблемот со опасниот отпад

Првиот Вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити го оцени како историски ден за државата денешното потпишување на Договорот…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?