Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски од лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан: Предводиме на патот на реформите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски од лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан: Предводиме на патот на реформите
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан: Предводиме на патот на реформите

Објавено July 1, 2025 11:17
Сподели
Сподели

Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со нашите соседи и со Европската Унија, преку отворање нови пазари, нови работни места, нови пријатества, отстранување на бариерите за трговија, подобрување на инфраструктурата и зголемување на инвестициите, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворањето на лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан посветен на Планот за раст, кој е можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот.

-Предводиме на патот на реформите, кои значат од подобро владеење и почиста енергија, пофер правда и силни бизниси. Докажуваме дека промената е возможна кога работиме заедно со одлучност и визија, истакна Мицкоски.

Осврнувајќи се на тоа дека Македонија е првата земја од Западен Балкан што го заврши договорот за предфинансирање во рамки на Планот за раст, Мицкоски истакна дека тоа е рефлексија на довербата која ја уживаме во однос на нашата заложба, посветеност, владеењето на правото и економската модернизација, поставувајќи пример за нашите соседи и забрзувајќи го нашиот пат кон ЕУ.

-Овој европски пат им припаѓа на сите граѓани, на сите бизниси, на секоја заедница, сите да бидеме дел од оваа трансформација. Кредибилитетот на Планот на ЕУ се заснова на исполнување на ветувањата и испорачување на придобивките, граѓаните треба да ги почувстуваат продобивките од интегрирањето сега во нивните бизниси, во институциите, во секојдневниот живот. Сите имаме заедничка иднина и за да обезбедиме единство и стабилност потребно е да работиме заедно како соседи, како партнери, како регион. Заедно можеме да изградиме силен и поврзан регион, кој е просперитетен, инклузивен и европски, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека Западен Балкан е витален дел од европската сегашност и суштински за нејзината иднина. Тоа, како што додаде, е регион со богат со потенцијал и амбиции, што често пати е засенето од наративи на поделби и одложувања.

-Но кога ќе погледнам во просторијава гледам различни приказни, регион дефиниран од дух кој одбива да биде оставен назад. Овој Самиот е посветен на заедничка визија, визија во која се зголемуваат инвестициите, иновациите цутат, а интеграцијата создава можности, кои се достапни за сите, визија во која Западниот Балкан повеќе не е чекална, туку регион кој се движи, расте и еволуира. Како Влада оваа визија не води во секој чекор што го правиме, во нашите заеднички реформски напори и регионалната соработка, рече Мицкоски.

Додаде дека како Влада презеле важни чекори, од забрзувањето на преминот на границите, до приклучување кон системот за плаќање СЕПА.

-Посветени сме на усогласување со ЕУ стандардите од безбедност на производите до дигитален идентитет. Овие напори ја потенцираат нашата посветеност за подлабока интеграција и обезбедуваат највисоки стандарди за нашите граѓани и партнери, додаде Мицкоски.

На самитот чиј домаќин е премиерот Мицкоски, учествуваат еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос и лидерите од Западен Балкан, како и министри, високи претставници од Европската Унија, регионални организации и меѓународни институции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина пешак откако младо момче со мотоцикл удрил во него
Следна Статија Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски соопшти дека не го познава Савески, но се распрашувал за него

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека не го познавал Ненад Савески пред да биде донесена одлуката за негов предлог за…

March 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Казна од 1300 евра при контрола на градилиште во општина Аеродром

Општина Аеродром спроведува засилен инспекциски надзор, при што е изречена глоба од 1.000 евра за компанија и 300 евра за…

February 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Денеска нов евакуационен лет од Дубаи

Уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје се очекува да се реализира денеска. Македонската амбасада…

March 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Нунес, Битов, Галина и Павловски: Можност за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е единствен лидер од Балканот кој присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп, остварил средба со Девин…

January 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?