Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски за ТВ Франс 24: Два паневропски коридори се сечат источно од Скопје – уникатен случај во југоисточна Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски за ТВ Франс 24: Два паневропски коридори се сечат источно од Скопје – уникатен случај во југоисточна Европа
МАКЕДОНИЈА

Николоски за ТВ Франс 24: Два паневропски коридори се сечат источно од Скопје – уникатен случај во југоисточна Европа

Објавено July 1, 2025 21:59
Сподели
Сподели

Коридорите 8 и 10 се економски и стратешки многу важни за Македонија и затоа влеговме во голем инвестициски циклус за да ги развиваме. Работиме на изградба на нови автопати и проект за брза железница, истакнува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто за ТВ Франс 24, направено при работата посета на Франција.

Николоски посочува дека имаме уникатна географска позиција и дека два паневропски коридори се сечат источно од главниот град Скопје – што е уникатен случај во југоисточна Европа.

Не е тајна дека Балканските војни и Првата светска војна се воделе околу Македонија. Два паневропски коридори се сечат источно од главниот град Скопје – што е уникатен случај во југоисточна Европа. Тоа се Коридор 10, кој ги поврзува грчките пристаништа со Централна и Северна Европа и го скратува времето на снабдување од 22 дена и вториот е Коридор 8 кој го поврзува Јадранско до Црно Море. НАТО го прогласи Коридор 8 за втор по важност воено-стратешки коридор, бидејќи е алтернатива за снабдување на Украина. Работиме паралелно на развој на двата коридори, за нас се важни и стратешки и економски. Веќе има комплетен автопат на Коридор 10, а сега почнуваме со брза железница со бризна до 200 км на час за патници и до 120 км на час за транспорт. На Коридор 8 работиме на изградба на автопати, до 2029 очекуваме комплетно да го завршиме, истакнува Николоски.

Паралелно, како што вели Николовски, се работи и на брзата железница.

Овие планови ја надминуваат нашата домашна економија затоа склучивме Договор Влада со Влада со Обединетото Кралство, вреден 6 милијарди евра и бараме слични партнерства и со Франција и други европски земји, потенцираше вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Изгласан буџетскиот „мегазакон“ на Трамп
Следна Статија (ФОТО) Возило заврши на кров, а двајца на хирургија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ во официјална посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе биде домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави пад на цените на бензините и дизелот од следната недела

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека од следната недела се очекува намалување на цените на горивата, врз основа на направените анализи…

April 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Димитриеска Кочоска: На Детската клиника имало лица кои незаконски биле повикани на работа

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска изјави дека на Детската клиника во Скопје биле ангажирани лица без претходно обезбедена законска…

June 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

„Македонскиот јазик не се става на гласање!“ – предупредува проф. Ќулафкова

Во врска со предлогот на Антонио Милошоски за заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за потврда на македонскиот идентитет…

July 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?