Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот
ЕКОНОМИЈА

Почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот

Објавено July 2, 2025 08:07
Сподели
Сподели

Расправата во Собранието по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година, во второ читање, почнува денеска на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. 

Десет дена трае општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет. Според информациите објавени на собранистака страница, за Предлог-буџетот се поднесени над 200 амандмани од овластени предлагачи.

Со Предлог ребалансот што го усвои Владата на 19. месецов вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а капиталните расходи се планирани во висина од 47,5 милијарди денари. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата се очекува понатаму да се стабилизира и е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП.

-Измените и дополнувањата на буџетот за 2025 година се потврда на фискалната политика која ја водиме во изминатата година и со која обезбедуваме консолидација и стабилизирање на макроекономската состојба. Економската активност добива на динамика и забрзува, таквиот тренд ќе го одржиме и во наредниот период со политиките кои се планирани со Ребалансот. Дисциплинираниот пристап во управувањето со јавните финансии ќе продолжи, буџетскиот дефицит останува непромент и во апсолутен износ и како процент од БДП и е понизок од остваренито дефицит минатата година, внимателен и сериозен пристап применуваме и во управувањето со јавниот долг, а за тоа најважен показател е намалувањето од 36 милион евра регистрирано во првиот квартал од 2025 година, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференцијата на која го претстави Предлог ребалансот на Буџетот.

Фајнанс тинк во вчера објавениот коментар за ребалансот на Буџетот го реафирмира ставот дека проектираниот раст на даночните приходи од 12,6 проценти, односно повеќе од двојно повисоко од збирот на проектираната реална стапка на раст на БДП и (ревидираната) стапката на инфлација, е амбициозен.  Во таа насока, посочува, говори и реализацијата на даночните приходи во првите пет месеци од годинава која изнесува 37,6 проценти (споредено со пропорционален процент на остварување од 41,7 проценти), слично со остварувањето кај приходите од ДДВ (36,9 проценти), акцизите (34,4 проценти) и увозните давачки (36,6 проценти), а кои, потенцира Институтот, претставуваат директен одраз на пулсот на економијата.

Според Фајнанс тинк, сепак, вредно за обележување е дека неданочните приходи се зголемуваат во износ од 4,2 милијарди денари, кои во значаен дел се остварени од финансискиот резултат на Народната банка, обезбеден преку законски измени порано во текот на годинава со кои се овозможи 85 проценти од финансискиот резултат на Народната банка да се уплаќа во Буџетот на државата. Со ваквото зголемување на буџетските приходи се овозможи зголемување на буџетските расходи, и тоа најмногу кај платите на јавната администрација (830 милиони денари), стоките и услугите (1,8 милијарди денари) и пензиите (2,5 милијарди денари)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Возило заврши на кров, а двајца на хирургија
Следна Статија Вимблдон почна со сензации: Елиминирани Коко Гоф и Зверев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот поевтинува за 6.5 денари!

Од полноќ стапуваат на сила новите цени на горивата, со кои дизелот ќе поевтини за 6,5 денари по литар, додека…

June 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Првиот маркет на Лидл ќе биде отворен во Ново Лисиче

Камен темелник на најновиот продажен маркет на „Лидл“ ќе биде поставен утре, среда, во 11 часот. Локацијата е во општина…

September 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Фискална едукација“ во основните и средните училишта – проект за поврзување на образованието со реалниот живот

Министерството за образование и наука (МОН) и Управата за јавни приходи (УЈП) потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува…

October 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Програмерите со највисоки плати во Македонија

Според податоците од Државниот завод за статистика, во август 2024 година, просечната месечна бруто-плата по вработен изнесуваше 61.806 денари. Ова…

October 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?