Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски е задоволен од растот на индустриското производство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски е задоволен од растот на индустриското производство
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски е задоволен од растот на индустриското производство

Објавено July 2, 2025 14:00
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на индустриското производство во Македонија, изјави:

„Да, исклучително сме задоволни, бидејќи индикаторите, посебно во вториот квартал, почнуваат конечно да покажуваат раст. Значи оној период на стабилизација на македонската економија, сега е проследен со раст. Токму една од причините за таквиот раст е и работата на компании слични на Реплек, каде што сме денеска. Да го поздравиме сето ова што го прави менаџментот тука и да ги охрабриме да продолжат во таа насока.

Раст од 9,4% речиси двоцифрен раст на индустриското производство во мај, споредено со мај минатата година и раст на 9% на преработувачката индустрија во мај, е нешто коешто навистина за нас е многу значајно.

Исто така, можам да кажам дека ако се земе периодот од почетокот на годината заклучно со мај месец, значи првите 5 месеци споредено со истиот период лани, растот е над 3, мислам дека е 3,3%, а кај преработувачката индустрија 4,5%.

Така што можам слободно да заклучам дека периодот на консолидирање и стабилизација е завршен, сега почнуваме преку овие индикатори да генерираме раст. Туризмот расте со повеќе од 20% и расте индустриското производство, растат инвестициите и така натаму. Ценам дека вториот квартал, би требало да имаме исклучително висок раст на македонската економија.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Битолчанка измамила 64-годишник за 22 500 евра – Ветувала вработување на синот во МВР
Следна Статија Муцунски: Срамно е што земја членка на ЕУ се обидува да го редефинира македонскиот идентитет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од 1 јануари концесиите за експлоатација на природни ресурси се зголемуваат за 100%

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел воведување ред во користењето на националните богатства и фер наплата, од…

December 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Регулаторна: Бензинот останува со иста цена, дизелот поскапува

РКЕ денеска донесе одлука со која бензинот останува по иста цена, додека нафтата поскапува за 3,5 денари. Највисоките малопродажни цени…

March 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ќе има зголемено производство, но каква ќе биде цената!? Почна садењето на тутунот во Прилепско

Почна садењето на тутунот од годинашнава реколта и во Пелагонискиот регион веќе се засадени околу 25 проценти од површините. Според…

May 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За мерката млад земјоделец има 117 апликанти со вредност од 70 милиони денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присустува на увид на градежни активности на нова детска градинка во Потстаница, Драчево во Општина Кисела…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?