Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Има клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Има клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана
ЗДРАВЈЕ

Има клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана

Објавено July 3, 2025 15:10
Сподели
Сподели

Од Фондот за здравствено осигурување ќе иницираат и измени на Законот за здравствена заштита со цел да се подобри системот на контрола кај издавањето на боледувањата и боледувања да се даваат на оние пациенти на кои тоа навистина им е потребно.

Во основа имаме околу 17 илјади боледувања заради болест и околу 10 илјади породилни боледувања. Зголемениот број на барања на контроли произлегува од тоа што во институции од јавниот сектор има значаен број вработени кои се на боледување. Во здравството имаме клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана и во основа веќе физички не можеме да одговориме на сите барања за боледувања така што размислуваме како да предложеме измени за да се подобри системот на контрола на боледувањата, изјави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурѕвање Сашо Клековски.

Вели дека често се случува при зголемен обем на работа, персоналот за да ги избегне обврските на работа, да земе боледување.

Кога тие ќе земат боледување, се поттикнуваат и другите вработени да бараат начин да го избегнат зголемениот обем на работа. Кај матичните лекари има јасно пропишани стандарди како може да се даваат боледувања, но ако ги погледнете дијагнозите дека покрај акутните респираторни заболувања, скоро 50 проценти од боледувањата во Фондот се за болести на рбетниот столб, а кој било вработен над 50 години ако му го снимите рбетот ќе излезе дека има спондилоза или лумбаго, тогаш станува субјективно дали треба да се оди или не на работа, изјави Клековски.

Дополнителна мотивација за земањето боледувања, според Клековски, се и колективните договори во кои е предвидено 90 до 100 процентна исплата на плата во време на боледување што во однос на приходите значи дека на вработените им е сеедено дали се на работа или не. Друг момент се и ниските плати во некои институции во јавниот сектор поради што луѓето земаат боледувања за да може да работат и втора работа.

Директорите на Фондот за здравствено осигурување денеска направија осврт на сработеното во изминатата една година откако се назначени а како најзначајни резултати ги посочија проширувањето на Позитивната листа со лекови што било направено по 10-годишна пауза, зголемените плати во здравството, подобрените здраствени услуги, подобро финансирање на примарната здравствена заштита и поголема ефикасност и дигитална трансформација на Фондот

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ковачев: За темите за идентитетот и јазикот нема место во извештајот, се отвора пандорината кутија
Следна Статија Богдановиќ: Герасимовски ќе изгуби во Центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Уништена небезбедна храна во Крива Паланка

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спровеле вонредни контроли на операторите со храна во Крива Паланка…

November 13, 2024
ЗДРАВЈЕ

Јачмен за борба против холестеролот

Високиот холестерол е еден од главните фактори на ризик за развој на срцеви заболувања. Иако лековите можат да помогнат во…

August 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Светски ден на борба против ракот, рапиден раст на малигни заболувања

Доколку сакате колоноскопија со анестезија дојдете после 14 часот на приватно, доколку не, може на државно, се жалат пациентите од…

February 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Случај „Лажни инвалидски пензии“: 36 обвинети и 13 спогодби, првообвинетата докторка ќе лежи три ипол години затвор

По спроведена истражна постапка започната кон крајот на април годинава, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?