Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поднесено обвинение против директорот на „Геријатрија“ за примање поткуп од 20.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Поднесено обвинение против директорот на „Геријатрија“ за примање поткуп од 20.000 евра
ХРОНИКА

Поднесено обвинение против директорот на „Геријатрија“ за примање поткуп од 20.000 евра

Објавено July 4, 2025 13:38
Сподели
Сподели

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште едно лице, кои се осомничени за примање поткуп од 20.000 евра за да сместат болно лице во установата.

Директорот е обвинет дека сторил кривично дело – примање поткуп, а второобвинетиот се товари дека сторил кривично дело – примање награда за противзаконито влијание.

„Првообвинетиот за болнички прием на лице во тешка здравствена состојба, од сведок – давател на доживотна издршка на лицето, директно побарал поголема имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што би морало да го изврши. Второобвинетиот директно ја примил таквата корист за првообвинетиот за да со искористување на своето реално влијание интервенира да се изврши службеното дејствие што морало да се изврши од првообвинетиот. При примање на дел од договорената сума во износ од 20.000 евра, второобвинетиот бил фатен на лице место од страна на полицијата“, соопшти Обвинителството.

Со Обвинителниот акт е доставен и предлог да се продолжи определената и продолжувана мерка притвор спрема двајцата обвинети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети
Следна Статија Мицкоски: Нашата борба е да го направиме животот овде вреден, да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Сопругата признала и покажала каде е закопана: Расчистено убиство на 53-годишна жена во Гостиварско

Свирепо убиство е расчистено во гостиварско, откако полицијата го пронајде телото на 53-годишната Х.А. од селото Равен, закопано во атарот…

December 12, 2025
ХРОНИКА

Уапсен охриѓанец, при претрес пронајдена дрога и пари

Вчера во 17 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид…

November 27, 2024
ХРОНИКА

Лишен од слобода возач од струшко, управувал возило со 2,61 промили алкохол во крвта

На 10.06.2025 во 20.00 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Кореа“, полициски службеници од Полициското одделение…

June 11, 2025
ХРОНИКА

Затворски казни за директорите Флорин Бесими и Артан Етеми за пожарот во модуларната болница

Тетовскиот суд ги прогласи Флорин Бесими и Артан Етеми за виновни за тешки дела против општата сигурност во случајот за…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?