Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жерновски: Дебакл на надворешната политика на Муцунски, ниту еден успех, само порази и понижувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Жерновски: Дебакл на надворешната политика на Муцунски, ниту еден успех, само порази и понижувања
ПОЛИТИКА

Жерновски: Дебакл на надворешната политика на Муцунски, ниту еден успех, само порази и понижувања

Објавено July 5, 2025 16:21
Сподели
Сподели

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ја критикуваше надворешната политика на актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Според Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на партијата, по една година владеење, резултатите на меѓународен план се поразителни, а Македонија е „понижена, без ниту еден успех, само порази“.

Жерновски истакна дека наместо ветените подобри позиции, Македонија е „заглавена“ со далеку полоша меѓународна позиција.

„Наместо напредок и гордост – министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски донесе срам и понижување. Наместо европска иднина – блокада и неуспеси“,рече Жерновски на денешната прес-конференција.

Жерновски вели дека со Муцунски на чело на МНР се најавува најголемиот срам во поновата историја – заканата за бришење на македонскиот јазик од Извештајот на Европскиот парламент.

Жерновски нагласи дека ова не е случајност, туку директен резултат на „погубната, погрешна и вазалска политика на Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ“.

Од партијата потсетија дека токму СДСМ обезбеди македонскиот јазик да биде впишан во преговарачката рамка и дека е потпишан договор со Фронтекс на чист македонски јазик, без фусноти или дополнителни ознаки.

Тоа, според Жерновски, беше „победа на мудрата дипломатија и политиките на СДСМ“, но оти денеска сите тие победи „Муцунски заедно со неговиот шеф Мицкоски да ги претворат во порази“.

Според СДСМ, има тотален дебакл на надворешната политика.

„Македонија нема ниту еден меѓународен успех. Меѓународната позиција е влошена, а не подобрена. Нема подобри преговарачки позиции или рамка. Нема нови инвестиции од САД, туку зголемена царина за 33 отсто. Европскиот пат е замрзнат, а Македонија е зад сите земји од регионот. Дипломатската мрежа е разурната, партизирана и нефункционална. Наместо во периметарот, Македонија е на периферијата на демократскиот свет. Македонија денес е без компас, без насока и без глас во светот“,рече Жерновски.

Тој вели дека сето ова е резултатот од владеењето на ВМРО-ДПНЕ и Тимчо Муцунски.

На крајот, СДСМ најави дека ќе продолжи со борбата за враќање на Македонија на патот на меѓународни успеси, достоинствена, европска Македонија – со заштитен македонски јазик, идентитет и со јасна иднина.

Откако пред два дена трите најголеми политички сили во Европскиот парламент најавија дека се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија, СДСМ излезе со реакција велејќи оти најголем непријател на македонскиот јазик, култура и идентитет е Христијан Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети: Ако се утврди вина, Груби сам ќе се повлече од партиските функции

Ние не ги оспоруваме одлуките на Американскиот Стејт департмент, господин Груби има право на жалба, ќе го води процесот насочен…

December 11, 2024
ПОЛИТИКА

Ваљбон Лимани прогласи победа во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар повторните избори прогласи победа во изборниот штаб пред поддржувачите и симпатизери на коалицијата Национална…

January 12, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ: Како е поврзан Трипуновски со корупцискиот скандал, негова блиска соработничка е меѓу осомничените?

Големиот корупциски скандал во ИПАРД Агенцијата добива пошироки размери, рече на прес-конференција Александар Димитриевски, Комисија за земјоделство на СДСМ. Освен што…

November 9, 2025
ПОЛИТИКА

Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт, праша Лефков

Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт? И Венко…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?