Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна

Објавено July 6, 2025 15:48
Сподели
Сподели

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со саркастична порака: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, алудирајќи на некогашната немоќ на институциите при гаснење пожари.

Ангелов денеска, на воениот полигон Пепелиште, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Љупчо Димовски, министрите Панче Тошковски и Владо Мисајловски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и други функционери, ја промовираше новата опрема на Дирекцијата.

Според Ангелов, институцијата сега располага со:

18 теренски возила „Пинцгауер“ со резервоари од 1.500 литри (се очекуваат уште 5),

15 оклопни возила БТР-80 со водни резервоари од 6 тона,

5 оклопни возила „Хермелин“ со приклучени цистерни од 2 до 8 тона.

Сите 43 возила се опремени со пумпи со млаз до 100 метри, што, како што беше демонстрирано на терен, значително ја зголемува ефикасноста при интервенции во шумски и теренски пожари.

„Владата располага со ресурси како никогаш досега, распределени преку различни институции. Ова е сериозен чекор кон посилна, поопремена и поефикасна државна одбрана од пожари“, порача Ангелов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хеликоптер на МВР го гасне пожарот над патот кон ГП „Блаце“
Следна Статија Скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Верските училишта ќе влезат во државниот образовен систем

Владата на вчерашната седница го усвоила текстот на законот за средно образование на верските заедници. Тоа ќе овозможи богословското училиште…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Врховен суд: Граѓаните ќе можат да ја тужат државата пред Управниот суд поради загаден воздух

Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија денеска утврди начелен став за правото на здрава животна средина и загадувањето…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

АХВ: Градоначалникот на Кочани глумејќи инспектор ја оцрнува нашата стручност

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро го осудува обидот на в.д градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за оцрнување…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија-Смоквица

Од денеска се воспоставува нормален режим на сообраќајот по завршувањето на санацијата на тунелите Демир Капија 1 и 2 на…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?