Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Најдоброто допрва доаѓа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Најдоброто допрва доаѓа
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Најдоброто допрва доаѓа

Објавено July 6, 2025 16:02
Сподели
Сподели

Македонија влегува во нов изборен циклус за локалната власт.На овие избори, ние настапуваме со понуда за чесни, некомпромитирани и вредни кадри, затоа што токму тоа ѝ недостигаше на државата и на општините со децении. Истовремено, ќе излеземе пред граѓаните со јасна визија и програма за развој на секоја општина, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во изминатиот период покажавме дека можеме да ги менуваме работите, и тоа во тешки услови, по децениско занемарување и ерозија на институциите. Овојпат, гласот на граѓаните нема да биде само избор. Тој ќе биде сигнал дека промените мора да се случат, сега, безусловно и неповратно.

Борбата што ја водиме не е само политичка. Таа е борба за граѓанинот. Граѓанинот е во центарот на секоја промена. Секој ден, секој чекор, секоја мала победа е повеќе од зборови. Тоа е потврда дека вреди.

Народот сака свој човек за градоначалник, човек на кого може да се потпре кога му е тешко, кога има проблем. Затоа при изборот на кандидатите водевме сметка тие да бидат вистинска поддршка на граѓаните, луѓе кои ќе бидат во служба на својот народ.

Во изминатите четири години покажавме дека градоначалниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ можат да раководат чесно, без скандали, без афери и со многу работа.

Денес на седницата на Извршниот комитет, која што се уште трае, донесовме одлуки за кандидатури во повеќе општини, вклучително и за градот Скопје.

Кандидати за градоначалници се:

За Гази Баба – актуелниот градоначалник Бобан Стефковски;

За Карпош Сотир Лукровски, кој доаѓа од приватниот сектор, има успешна професионална кариера со менаџерски способности;

За Лозово – актуелниот Бошко Цветковски;

За Пехчево – актуелниот Александар Китански;

За Ресен – актуелниот Јован Тозиевски;

За Зрновци – актуелниот Борчо Коцев, коишто се актуелни градоначалници коишто зад себе имаат успешни резултати и минат труд во изминатиот период.

За кандидат за градоначалник на Скопје, го предлагаме Орце Ѓорѓиевски.

Одлуката за Орце се темели на неколку клучни факти.

Прво, анкетите покажуваат дека тој води убедливо, дури и пет пати повеќе од било кое од решенијата што се споменуваат од СДСМ.

Второ, одлуката за него е резултат на тоа што тој како градоначалник на Кисела Вода, со својата максимална посветеност, работливост и постојано присуство на терен покажа и докажа дека и умее и сака да работи за граѓаните и од она кое што јас можам да го кажам за Орце, за оној период што го познавам, а го познавам многу долго време, знам дека е исклучително мотивиран најпрво да победи, а потоа и да победува секој ден за градот Скопје и за скопјани.

Тој е отворен, достапен и посветен работник кој решава проблеми. Нова енергија каква му е потребна на Скопје, после едно 4 годишно девастирање и замреност на градот.

И кога сме кај градот, верувајте, ги научивме сите лекции за да не погрешиме сега повторно во изборот за прв човек на градот. Пред се,затоа што Орце веќе е докажан работник и делата во Кисела Вода кои ги направи за општината говорат за него. Сега ќе има нова задача да го развива Скопје, да ја нормализира неговата работа и да го врати на скопјани. А, јас сум убеден дека и со заедничка работа со централната власт и Владата за Скопје доаѓаат добри денови, решавање на клучните проблеми, превозот, хигиената, урбаниот хаос. Ќе понудиме програма, но и заедничка работа и визија за Скопје.

Во овие избори влегуваме како фаворити, а тоа за нас значи само едно: уште поголема одговорност да направиме повеќе.

Да работиме домаќински, да градиме општини и да носиме одлуки за важни прашања. Да покажеме дека знаеме да решаваме проблеми, да поставуваме темели за иднината и дека најдоброто допрва доаѓа за секој еден граѓанин.

Македонија е и мора да остане на вистинскиот пат. Затоа што тоа е патот на успехот, промените, напредокот и вистинскиот просперитет.

Тоа е патот по кој институциите се зајакнуваат, државата се обновува, а иднината на граѓаните се гради со одговорност и визија. Не смееме да дозволиме враќање назад, во оние седум кобни години кога институциите беа разнебитени, законите беа погазени, а државата и иднината на народот беа ограбени и изневерени.

Денес сме на патот на обнова. Патот што значи ред, правда, инвестиции, и грижа за секој граѓанин. И токму затоа, мора да продолжиме со уште поголема сила и уште поголемарешителност, за Македонија да биде онаква каква што ја заслужуваме.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски: Подготвен сум да го воскреснам Скопје
Следна Статија Кој е Марјан Даскаловски: Kупувал гласови во Струмица во име на Заев?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во посета на Обединетите Арапски Емирати

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се вицепремиерот и министер за транспорт Александар…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ја разби тезата дека работи против Албанците: Даваме 25 милиони евра за универзитетот „Мајка Тереза“, се делат финансии за општини со мнозинско албанско население и редица други проекти

Премиерот Христијан Мицкоски на гостувањето во магазинот Клик плус на Телевизија 21 од присутните гости беше запрашан како ги коментира…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот Стевчо Јакимовски ѝ се извини на министерката Весна Јаневска што ја нарече „северџанка“

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, јавно ѝ се извини на министерката за образование Весна Јаневска затоа што вчера ја…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од денеска до петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од денеска до петок во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално…

June 18, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?