Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички

Објавено July 7, 2025 12:48
Сподели
Сподели

Според податоците од платежната статистика на Народната банка, и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози.

Како што стои во соопштението на Народна банка, во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со платни налози пораснал за 2,7 отсто, а вредноста за дури 17,7 проценти. Особено брзо растат електронските плаќања преку интернет или мобилен телефон коишто се зголемени за речиси 13 отсто по број и за над 30 проценти по вредност.

Најголемиот дел од електронските трансакции (над 70 отсто) се направени преку мобилни апликации, што покажува дека телефонот станува омилен начин за плаќање – брзо, едноставно и достапно. И употребата на платежните картички и натаму расте. Бројот на плаќањата со картички е зголемен за 1,1 проценти, а вредноста за 8,6 отсто. Овој раст најмногу се должи на зголеменото купување преку интернет (7,1 отсто), но има раст и кај плаќањата во продавниците (0,6 отсто), стои во соопштението.

Од Народна банка додаваат дека овие бројки од платежната статистика покажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јапонски научници пронашле третман за превенција од појава на Даунов синдром
Следна Статија Граѓаните кај министерот за здравство се жалат на мито, непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, доцнење во давање здравствена услуга

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Капиталните инвестиции бележат раст од 47,4 отсто

Со новата методологија за евидентирање на капиталните инвестиции, заклучно со 13 ноември, тие бележат раст од 47,4%, изјави министерката за…

November 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Приоритет ќе бидат когенеративните термоцентрали да изградиме 4 или 5 такви, планот за чист воздух на СДСМ беше најден со метар прашина

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека минатата власт не оставила ниту проекти,…

November 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Михајло Борозанов во „Бизнис-клуб“: Продуктивност, добра инфраструктура и инвестиции во образованието – клуч за просперитет на држават

Во втората сезона на поткастот „Бизнис-клуб“, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески разговара со м-р Михајло Борозанов,…

October 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Германија бара работници: Повеќе од 260.000 празни работни места – најмногу недостасуваат медицинари и градежници

Германија се соочува со најтешкиот недостиг на квалификувана работна сила во последните неколку децении, покажува новата студија на Германскиот економски…

November 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?