Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тренчевска: Власта живее во паралелен свет, нема одговорност за трагедијата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Тренчевска: Власта живее во паралелен свет, нема одговорност за трагедијата во Кочани
ПОЛИТИКА

Тренчевска: Власта живее во паралелен свет, нема одговорност за трагедијата во Кочани

Објавено July 7, 2025 18:55
Сподели
Сподели

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во рамките на амандманската расправа истакна дека власта очигледно живее во некој паралелен свет, не во светот во кој живеат граѓаните на Кочани, особено семејствата на настраданите.

„Чувство на одговорност немате, чувство за поддршка и помош немате, а одговорно излегувате арогантно да забранувате да се зборува за најголемата трагедија што ѝ се случила на Македонија. Тоа е навистина безобразно, навистина срамно. Таа забрана за зборување и забрана за пристап на медиумите ја покажува вашата ароганција и покажува дека единствено на што сте спремни е да си го зачувате рејтингот“, нагласи Тренчевска.

Тренчевска додаде дека доколку власта водеше барем малку грижа немаше да го блокира предлог-законот за настраданите во Кочани и ќе го прифатеше овој амандман што ветува поддршка и помош за настраданите и нивните семејства.

„Шеесет и два млади животи згаснаа за миг, една школска генерација во едно населено место ја снема. 200 повредени, од кои најголем дел со траен инвалидитет, а вие зборувате дека она што СДСМ и коалиционите партнери го предлагаат во форма на предлог-закон и сега со амандмани, е квази политика. Вашето е квази политика, затоа што, 30 милиони денари имавте во буџетот за настраданите во Кочани“, нагласи Тренчевска додавајќи дека сето она што е дадено на семејствата и на повредените е направено од Црвениот крст и од Супорт Кочани, а не е направено од владата, не е направено од буџетот на државата.

Тренчевска нагласи дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа невидена ароганција, покажа негрижа за настраданите и за семејствата од Кочани.

„Семејствата бараат правда, бараат поддршка, бараат помош. Во овој момент им е потребна правда, меѓутоа им е потребна и финансиска помош и поддршка. Меѓутоа, тоа вас не ви е приоритет. За вас, Кочани и семејствата на настраданите не се приоритет“, нагласи Тренчевска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Граѓани денеска почнаа целосна блокада на Дошница
Следна Статија Мицкоски: Резултатите од локалните избори ќе покажат чии политики се исправни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Дали Филипче одмара во Грција и пишува статуси за Кочани? ВМРО-ДПМНЕ прашува и дали лидерот на СДСМ е на средба со Заев во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ денеска јавно ја праша опозициската партија СДСМ каде е нејзиниот лидер и дали е тој на одмор во Грција…

May 15, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028 година

Економска криза, а потоа и „мигранти за пари“, се сценаријата што ја очекуваат државата, вели лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз…

February 1, 2026
ПОЛИТИКА

Груевски: Тие станови не се мои ,обвинителката Стефанова го уцени Камчев да сведочи против мене

Екс премиерот Никола Груевски, на социјалните мрежи демантираше дека становите кои беа запленети во случајот „Плацеви на Водно“ се негови.…

July 12, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја уништи СДСМ, да си поднесе оставка

Венко Филипче е синoним за пропаста на СДС, по историскиот пораз на СДС каде партијата доживеа најтежок изборен дебакл и…

November 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?