Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Охриѓанец си ги убил жената и бебето во Швајцарија!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Охриѓанец си ги убил жената и бебето во Швајцарија!
ХРОНИКА

Охриѓанец си ги убил жената и бебето во Швајцарија!

Објавено July 7, 2025 22:38
Сподели
Сподели

30-годишна жена, македонска државјанка и нејзиното шестнеделно бебе биле убиени во саботата од нејзиниот 43-годишен сопруг, кој во земјата престојувал со бугарски пасош, пренесуваат Швајцарските медиуми.

Неофицијално, Охрид Њуз дознава дека убиецот и убиената жена се со потекло од Охрид.

Според порталот „20min.ch“ во саботата околу 16:45 часот, во Кантоналната полиција во Фрајбур, добиле пријава дека жена и нејзиното бебе се пронајдени мртви во стан во Живисие. Сопругот наводно се обидел да се самоубие, при што се здобил со полесни повреди. Тој добил медицинска помош и бил пренесен во болница со амбулантно возило под полициска придружба.

Осомничениот охриѓанец, сопругот на жртвата, бил уапсен на местото на настанот. Јавното обвинителство, отворило кривична истрага за убиство со умисла, а сторителот го признал убиството на сопругата.

Од Министерството за надворешни работи ја потврдија информацијата посочувајќи дека до македонската амбасада во Берн, вчера е доставена информација од страна на надлежните швајцарски органи дека на 05.07.2025 година, во 17:00 часот, полицијата била известена за случај во семеен стан, каде што биле пронајдени три тела.

Две од нив – М.Т., македонска државјанка, родена во 1995 година, и Д.Т. – пријавен кај швајцарските власти како бугарски државјанин, роден во 2025 година, биле прогласени за мртви на лице место, додека лицето А.Т. (имател на двојно државјанство, но пријавен кај властите како бугарски државјанин), било пренесено во болница за понатамошен медицински третман на повредите. Понатаму, од страна на надлежните швајцарски органи, амбасадата е известена дека постои основано сомнение дека се работи за двојно убиство, при што како осомничен е приведен сопругот на жртвата – А.Т., роден 1982 година, по потекло од Македонија, кој во Швајцарија е пријавен како бугарски државјанин, посочуваат од МНР.

Амбасадата, додаваат, е во редовна комуникација со локалните институции, како и со блиски роднини на жртвите, и ќе продолжи да ги следи сите понатамошни постапки, обезбедувајќи ја потребната поддршка во рамките на нејзините надлежности.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На некого ќе му се посреќи: Од Контрола на летање најавуваат нови вработувања
Следна Статија На 10 јули пристигнува полна месечина во рак – носи среќа на некои хороскопски знаци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсени двајца возачи кои превезувале мигранти кон Скопје

Денеска во 12.30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица во близина на наплатната…

October 18, 2024
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Заедничка акција на Царината и МВР: Спречено криумчарење на два килограми кокаин на Меѓународен Аеродром Скопје

Спречен обид за криумчарење на околу два килограми кокаин, што граѓанин од Бразил имал намера да го прошверцува по воздушен…

November 11, 2024
ХРОНИКА

Плико со куршуми и заканувачки пораки добил скопјанец – Му се заканиле по животот на детето

Скопјанец пријавил во полиција дека добил плико со закачувачки по живот пораки, а во пликото имало и куршуми.  - На…

July 19, 2025
ХРОНИКА

Уште еден осуденик ќе издржува казна дома со електронска алка

Управата за извршување на санкциите започна со извршување на третата судска одлука согласно која опремата за електронски надзор има своја…

March 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?