Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Нов бран економско тонење, животниот стандард уништен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Нов бран економско тонење, животниот стандард уништен
ПОЛИТИКА

СДСМ: Нов бран економско тонење, животниот стандард уништен

Објавено July 8, 2025 12:53
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја туркаат државата во економски хаос – инфлацијата вртоглаво расте, животот станува се поскап, стандардот на граѓаните од ден во ден се влошува, обвини Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.

Според неа, Македонија се наоѓа во нов, длабок бран на економска нестабилност.

Последните податоци за раст на инфлацијата на годишно ниво од 4,5 % се резултат на погрешните економски политики на Владата, за што ги плаќаат граѓаните. Во секој сектор статистиката бележи раст – трошоците за храна и безалкохолни пијалаци во јуни 2025 споредено со јуни 2024 се зголемиле за 6,3 %, облека и обувки за скоро 3%, за 2% на годишно ниво се зголемле трошоците за сметки, за 3,2% трошоците за здравствена заштита се зголемени и така натаму… И ова не се само бројки – тоа е директен удар врз секое семејство, секој дом, секој граѓанин. Една година беше доволна да излезе на виделина неспособноста,неодговорноста и целосната негрижа на Владата на ВМРО ДПМНЕ за граѓаните“, рече таа.

Тренчевска рече дека Македонија и понатаму е на дното во Европа по стандард и дека просечниот македонски граѓанин има само 42% од животниот стандард на ЕУ, Србија и Црна Гора се пред нас.

Минималната плата нема да се зголеми, просечната плата стагнира, но затоа функционерските плати се зголемуваат. Владата нема пари за повисоки плати за работници, но не се откажува од луксузот на скапи патувања, милиони потрошени на ПР и кампањи, и возење со приватни авиони. СДСМ и во најголемите кризи, ковид пандемијата и енергетската криза, ги зголеми и минималната и просечната плата, со правилни мерки го заштитивме стандардот на граѓаните. Обезбедивме тројно повисока социјална помош, раст на пензиите, милијарда евра поддршка за компаниите – тоа се мерки за реална помош и грижа за граѓаните и стопанството. Цела година континуирано предупредуваме на растечкиот тренд на инфлацијата и дека се потребни конкретни мерки. Сега повторно апелираме владата да преземе итни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и да ги покачи платите на работниците“, рече Тренчевска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Не само што нема зголемување на долгот, туку има и намалување
Следна Статија Херојот од Чучер-Сандево, младиот волонтер Иван Кукуновски е во стабилна состојба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски да каже како неговото семејство се стекнало со градежни парцели во Жданец и луксузна хациенда во Грција?

Стевчо Јакимовски, кој постојано зборува за јавниот интерес, треба конечно да објасни како парцели што според деталниот урбанистички план биле…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски до Филипче: Не се плашиме од вашите „предупредувања“ и притисоци кон членовите на ЗНАМ

Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски денеска на прес конференција откри дека добивал стотици пораки од негови членови и поддржувачи, луѓе…

October 8, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски со предлог решение за сообраќајниот хаос во Скопје: Клучката Момин Поток мора да се заврши

Клучката Момин Поток мора да се заврши, нејзината доизградба ќе го деблокира сообраќајниот хаосво целиот северозападен дел на градот, рече…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

Митески: Наместо Градот, ние го собираме отпадот во Аеродром

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Дејан Митески, изјави дека општината самоиницијативно се справува со зголемените количества отпад, иако надлежноста…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?