Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Предлогот помина и во ЕП: Од наесен со посебни процедури ќе влегуваме во земјите на ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Предлогот помина и во ЕП: Од наесен со посебни процедури ќе влегуваме во земјите на ЕУ
СВЕТ

Предлогот помина и во ЕП: Од наесен со посебни процедури ќе влегуваме во земјите на ЕУ

Објавено July 8, 2025 14:13
Сподели
Сподели

Европскиот парламент денеска со 572 гласа „за“, 42 „против“ и 67 „воздржани“ го одобри постепеното воведување на Системот за влез и излез (ЕЕС) на надворешните граници на ЕУ, со што се отвора патот за старт на неговата имплементација од на есен.

Откако ќе стапи во функција, системот ќе ги регистрира податоците, вклучувајќи име, вид на патна исправа, време и место на влез и излез и биометриски податоци – фотографија и отпечатоци од прсти, на државјани на трети земји кои влегуваат и излегуваат од Шенген зоната.

Целта на системот, според ЕУ, е да се подобри безбедноста, да се забрза процесот на проверка на границите и да се намали чекањето на премините.

Постепеното воведувањето на системот ќе трае 180 дена, при што во првите 30 дена во системот ќе треба да се евидентираат најмалку 10 отсто од лицата што ја минале границата, до 90-от ден таа стапка треба да достигне најмалку 35 проценти, а до 180-от треба почне евидентирањето на сите преминување на граничните премини,

Оваа методологија на воведување на ЕЕС системот е доброволен, што значи дека земјите членки на ЕУ можат да го воведат целосно доколку сакаат уште од првиот ден.

Сега останува воведувањето на системот да го одобри уште Советот на ЕУ, по што Европската комисија треба да го одреди датумот за почеток на неговата постепена примена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Словенија на 8 јули падна снег
Следна Статија Избрана е најубавата земја во светот за 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

ВИДЕО: Мал авион се урна на аеродромот во Лондон, бројот на патници е непознат

Британските медиуми пренесуваат дека локалната полиција на Есекс е сè уште на местото на настанот. Полицијата соопшти дека била предупредена…

July 14, 2025
СВЕТ

Илон Маск со моторна пила ќе ја „сече“ бирократијата (ВИДЕО)

Милијардерот задолжен да ги намали трошоците на американската федерална влада, Илон Маск, се појави на сцена на конзервативната конференција која…

February 21, 2025
СВЕТ

Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт

Неколку лица се тешко повредени кога автомобил удри во група луѓе во југозападниот германски град Штутгарт, соопшти вечерва пожарникарската бригада…

May 2, 2025
СВЕТ

Затворени гласачки места во Унгарија, урнати се рекорди за излезност

Во Унгарија во 19 часот се затворија гласачките места каде можеше да се гласа на паралментарните избори. Претседателот на државата,…

April 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?