Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски со порака до опозицијата по критиките за Извештајот на ЕП: Срам да ви е, да не беше вашата криминална и попустлива политика, немаше да биде ова денес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски со порака до опозицијата по критиките за Извештајот на ЕП: Срам да ви е, да не беше вашата криминална и попустлива политика, немаше да биде ова денес
ПОЛИТИКА

Мицкоски со порака до опозицијата по критиките за Извештајот на ЕП: Срам да ви е, да не беше вашата криминална и попустлива политика, немаше да биде ова денес

Објавено July 9, 2025 23:07
Сподели
Сподели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од трибина во Куманово ,,Од енергетска стабилност до силна економија“, и се осврна на темата за Извештајот на Европскиот парламент и зборуваше за реакциите на опозицијата на оваа тема. Тој истакна дека нивните грешки, кога беа на власт, и коруптивни политики доведоа до оваа ситуација да Македонија се соочува сега со национални компромиси. Мицкоски на крај заклучи дека нивните политики се предавство на македонскиот народ и на Македонија.

,И ние како народ и земја ја имаме таа судбина да ги имаме тие неправди, но барем јасно е сега на сите и во Европа и во целиот свет, дека во суштина, не биле проблем Бугари во Устав, туку нешто многу подлабоко, нешто многу поголемо. А тоа е, македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Но, имам само една порака со СДСМ и од опозицијата, кои не чекаа дури и да заврши гласањето во Европскиот парламент. А тоа е, засрамете се. Треба да ви е срам. Тоа што им го правите на македонскиот народ, на македонските граѓани и на Македонија како држава“, рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека СДСМ и ДУИ не ја зборуваа вистината пред македонските граѓани, и дека тоа го претставуваа само како една мала интервенција која треба да се направи во Уставот.

Да не беше прифаќањето на оној последен предлог, со којшто лажевте и не ја говоревте вистината пред македонските граѓаните и македонскиот народ, дека е обезбеден и македонскиот идентитет и македонскиот јазик, дека се обезбедени стратешките приоритети, дека само треба една мала интервенција да направиме во Уставот и тука завршува се, наеднаш млеко ќе почне да тече по улиците и мед.

Тоа беше најголемата лага којашто за догледно време ги затвори вратите во Европа, за македонскиот народ и за македонски граѓани. Тоа е суштината која што тие ја направија. Тоа е болката која што тие му ја нанесоа на македонскиот народ и на македонските граѓани. Тие нема да заборават и многу скоро од денеска, за неколку месеци, на избори ќе им кажат дека понекогаш државотворната СДСМ останува само една обична маргинална политичка партија која што набргу заминува во историјата“, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека тоа што СДСМажеа, за европско здравство и преку кампањски песни за Европа, и потсети на нивните измами со референдумското прашање за ЕУ ќе влезат само во онаа срамна историја.

Но, на онаа срамната историја на македонскиот народ. Ги памети народот вашите кампањи, вашите кампањски песни за Европа, вашите билборди за бесплатно здравство дека ќе имаме во Европа, измамите со референдумското прашање за ЕУ, ако се изгласа референдумот ќе влеземе во ЕУ, а не само во НАТО“, истакна Мицкоски.

Претседателот на владата додаде и дека народот добро се сеќава на нивните фотографии од авионот, за кои тие се обидуваа да создадат лажна слика во јавноста дека ги почнуваат преговорите, за што во моментов се видливи последиците.

Помни народот и за фотографиите од авиончето со пораки дека сме ги почнале преговорите. Памети народот како го лажевте и вие од СДСМ и ДУИ и Стево Пендаровски, кога излегоа и го прифатија последниот предлог во кој сега нашата Македонија има опција. Или народот да се откаже од својот идентитет под уцени од Бугарија, или нема придвижување кон ЕУ. Таа е таа реална и болна вистина која што за жал ние ја живееме.

Се навлековте заедно со ДУИ, седнавте во скут затоа што бевте корумпирани и ве држеа со уцени и низ заеднички зделки во сите сектори во државата, се продадовте. Затоа ќе ја повторам мојата порака: Срам сте за Македонија и за македонските граѓани“, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Многу тежок ден во справување со пожарите, за дел има сомнение дека се подметнати
Следна Статија Полната Месечина утре носи големи пресврти, особено за три хороскопски знаци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(Видео) Кузеска: Власта организирано ги штити виновниците за трагедијата во Кочани

Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во…

June 5, 2025
ПОЛИТИКА

Невладина на екс судијата Лазар Нанев добила 120 000 евра од Еразмус: Заев и СДСМ купуваа судии за да им вршат услуги, обвинува Манасиевски

СДСМ и Зоран Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии, 120.000 евра се префрлени на невладина организација во сопственост на сега…

August 14, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче вели заслужил одмор на јахта, но крие чија е истата – негира и дека е на „жешка линија“ со Заев

На денешната прес конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ги отфрли обвинувањата дека поседува недвижнини и други луксузни добра во…

August 27, 2025
ПОЛИТИКА

„Очекувам ЕУ да има јасна стратегија за нас“, вели Сиљановска Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува Европската Унија да има јасна стратегија и за нас по одлуката за одвојување на Албанија.…

October 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?