Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска
ХРОНИКА

OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска

Објавено July 12, 2025 14:32
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство“. Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, која заедно со вработени во градските служби, по претходна пријава, излегле да извршат вонреден надзор на нелегален објект во градба на улицата „Севастополска“. Тој, како што се наведува, се претставил како сопственик на објектот во градба, па почнал грубо да ја навредува, да и се заканува, по што и физички ја нападнал.

– Кога изреагирале останатите вработени во градските служби и припадниците на МВР и го тргнале првоосомничениот, со закани продолжило и второосомниченото лице. Со чинот на насилство двајцата осомничени во јавноста и кај другите присутни лица предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, стои во соопштението од Јавното обвинителство. 

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првоосомничениот, пред се поради ризикот да го повтори, односно да го изврши делото со кое се заканувал, но и поради опасноста од бегство.

За вториот осомничен се предложени мерки на претпазливост кои вклучуваат забрана за приближување и воспоставување контакт со градоначалничката и другите оштетени, забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, одземање на патната исправа и повремено јавување кај определено службено лице во судот. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шест, а не три обиди за биомедицинско оплодување на товар на ФЗО, скратено и времето за одлучување на две недели
Следна Статија Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Четири малолетнички истепале познаничка, настанот го снимиле и го споделувале на социјалните мрежи

Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје, Н.Б.(42) од Скопје пријавил дека на 24.01.2025 во  период од 21.00 до 22.20…

January 29, 2025
ХРОНИКА

ВИДЕО: Снимен МОМЕНТОТ кога пожарот ја зафати дискотеката во Кочани!

Пожарот настана за време на настапот на групата ДНК. Според досегашните информации, неофицијално има 53 загинати лица. По почетокот на…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

На денешната редовна 55. седница, Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го…

October 17, 2024
ХРОНИКА

Син на поранешен функционер е повикан во полиција поради оддавање службена тајна

Приведен е син на поранешен висок функционер во Македонија. Станува збор за лице со иницијали Ќ.Б., а приведено е поради…

December 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?