Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во 21-ви век нема место за национализам во Европа, кажа Муцунски од Дубровник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во 21-ви век нема место за национализам во Европа, кажа Муцунски од Дубровник
МАКЕДОНИЈА

Во 21-ви век нема место за национализам во Европа, кажа Муцунски од Дубровник

Објавено July 12, 2025 18:19
Сподели
Сподели

На покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на 18. издание на „Дубровник Форум“ – меѓународна конференција што се одржува денес и утре во Дубровник, Република Хрватска.

Фокусот на дискусиите беше ставен на безбедноста на Западен Балкан и процесите на Евроатлантска интеграција. Министерот Муцунски имаше свое обраќање во рамки на панелот посветен на овие теми, на кој беа разгледани и пошироки прашања како трансатлантските односи, европските предизвици, одбранбените капацитети на Европа и перспективите на Иницијативата „Три мориња“.

На панелот за Западен Балкан беа разменети ставови за напредокот на државите од регионот, значењето на европските и евроатлантските интеграции, како и за актуелните безбедносни предизвици. Учесниците заклучија дека, во услови на зголемени ризици, е потребен засилен ангажман на меѓународната заедница за зачувување на стабилноста и просперитетот на регионот.

„Случувањата во Европскиот парламент не беа само семантика. Тоа беше политички чин на негирање на идентитетот. И сакам да бидам јасен – национализмот од 19-ти и 20-ти век нема место во Европа на 21-от век. Идентитетот не е прашање за преговори, туку основно човеково право. Добрососедството не подразбира толерирање на провокации. За жал, мнозинството во Европскиот парламент го поддржа ова бришење, но имаше и пратеници кои гласаа против или се воздржаа. Еден од нив е со нас денес. Му благодарам нему и на сите што постапија принципиелно – тоа е доказ дека совеста сè уште постои во европската политика“, рече Муцунски.

Во своето излагање, министерот Муцунски ја истакна посветеноста на Република Македонија кон зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот, укажувајќи дека глобалните безбедносни предизвици бараат поголемо внимание од меѓународната заедница. Западен Балкан, поради својата геополитичка положба, претставува нераскинлив дел од европската безбедносна архитектура.

Тој подвлече дека предвидливите и достижни европски и евроатлантски процеси се потврдени механизми за унапредување на реформите, постигнување на долготраен мир и спречување на негативни надворешни влијанија. Муцунски ја потенцираше и потребата од зајакнување на регионалниот дијалог, соработка и меѓусебна поддршка во интегративните процеси, истакнувајќи дека земјите од регионот имаат заедничка одговорност да ги поддржуваат иницијативите за помирување и решавање на отворените прашања.

Во заклучоците, министерот Муцунски ја нагласи и неопходноста од зајакнување на капацитетите на земјите од регионот за справување со современите безбедносни предизвици, со што ќе се зајакне нивната и отпорноста на целиот регион, како директен придонес кон европската безбедност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ
Следна Статија Гужва на Табановце, еве колку се чека за влез во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во локал за 200 луѓе имало 700: Нема да дозволиме Кочани сценарио, безбедноста е прва, тврди Јанчев

Настапот на српската ѕвезда Аца Лукас во Кавадарци бил прекинат поради сериозни безбедносни пропусти, непријавен ангажман и прекршување на правилата…

November 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството постапува во врска со евентуално кривично дело поврзано со отпадот во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поголем дел од Скопје утрово остана без вода

Поголем дел од Скопје денеска е без вода поради најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод. Надлежните уверуваат…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за „Усје“: Владата ќе ги разгледа заклучоците на Советот, па ќе постапи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата првин ќе ги разгледа заклучоците што ќе ги донесе Советот на Град Скопје во…

December 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?