Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шеесет и два балона со имињата на загинатите во пожарот во Кочани пуштени во воздух, одржана и комеморација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Шеесет и два балона со имињата на загинатите во пожарот во Кочани пуштени во воздух, одржана и комеморација
МАКЕДОНИЈА

Шеесет и два балона со имињата на загинатите во пожарот во Кочани пуштени во воздух, одржана и комеморација

Објавено July 12, 2025 23:08
Сподели
Сподели

Во знак на сеќавање и почит кон загинатите во пожарот од 16 март годинава во дискотеката „Пулс“, попладнево  во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа комеморативен настан што го организираше Општината со подршка на Црвениот крст, како дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот.

Со многу емоции, членовите на семејствата на настраданите, облечени во црни маички, два часа ја следеа актерката Наталија Теодосиевска, кочанчанка, која со збор и фотографија ги спомена сите загинати што потекнуваат од Кочани, Оризари и општината Чешиново – Облешево.

Комеморацијата заврши на отворена сцена, на јужната страна од ЦК „Бели мугри“ каде од рацете на деца во воздух летнаа 62 балони со имињата на прерано прекинатите 62 млади животи.

На присутните во салата на кочанската Национална установа им се обрати и Живко Гроздановски, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

Потоа, членовите на семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“ од 16 –ти март, придружувани од граѓани, заминаа на протестен марш во чест на нивните ангели низ улиците на Кочани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Експлозивна направа фрлена во Битола, оштетени седум возила и неколку куќи
Следна Статија Се судрија автомобил и автобус, повредени двајцата возачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДКСК повикува на транспарентност при донесување на измените на Законот за јавни набавки

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) изразува сериозна загриженост поради предложените измени и дополнувања на Законот за јавните набавки,…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски ги прими семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Во Министерството за внатрешни работи во тек е средба на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Националната ИКТ стратегија е клучниот документ за дигиталната трансформација, според кој ќе се мерат напредокот и достигнувањата

Денес го означуваме почетокот на изработката на Националната стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој– Националната ИКТ стратегија. Националната ИКТ стратегија…

October 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Николоски: Традиционално – колаж од најзначајните настани во 2024 година!

„Почитувани пријатели, позади нас е годината во којашто се случија промените и ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста за Македонија. Погледнете ја…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?