Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Синер е новиот шампион на Вимблдон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Синер е новиот шампион на Вимблдон
СПОРТ

Синер е новиот шампион на Вимблдон

Објавено July 14, 2025 08:35
Сподели
Сподели

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија е новиот шампион на Вимблдон, откако во финалето го совлада двократниот победник Карлос Алкараз од Шпанија со 3:1 во сетови (4:6; 6:4; 6:4 и 6:4) за 3 часа и 4 минути игра.

Ова е прва Грен слем титула за Синер на Вимблдон, а Алкараз по пет победи во Грен слем финалиња го загуби првото.

Првиот сет беше со пресврт и првиот брејк го напраи Синер и поведе со 4:2 во гемови, но Алкараз „врза“ четири гема во низа и го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Во вториот сет веќе на стартот во првиот гем Синер направи брејк и сетот го заврши со 6:4 во гемови за 1:1 во сетови.

Во третиот сет брејк немаше до деветтиот гем кога повторно Синер успеа да го одземе гемот на сервис на Алкараз и со идентични 6:4 да го освои сетот и да поведе со 2:1. Во четвртиот сет Синер прави брејк во третиот гем и поведува со 2:1 во гемови, а Алкараз шансата да го спаси сетот ја испушти во осмиот гем кога не искористи две брејк топки, па Синер и овој сет го доби со 6:4 што значеше и конечен триумф.

Јаник Синер е првиот Италијанец што успеава да го освои Вимблдон.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско – тројца повредени, дете во критична состојба
Следна Статија На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Нов „трипл-дабл“ на Јокиќ

Првата победа за екипата на Денвер во новата сезона во НБА беше „заверена“ со нов „трипл-дабл“ на нивниот најдобар играч…

October 26, 2025
СПОРТ

Ракитиќ ја заврши кариерата, откако не освои титула со Хајдук

Поранешниот хрватски репрезентативец и фудбалер на Хајдук, Иван Ракитиќ, официјално стави крај на својата професионална кариера. „Драг фудбалу, имам лично…

July 8, 2025
СПОРТ

Јошко Миленкоски е добитник на наградата за животно дело „8 Септември“

Јошко Миленковски, Хамид Бакија, Зоран Николовски, Виктор Тевчев и Кирил Манев се годинашни добитници на државната награда „8 Септември“, со…

September 5, 2025
СПОРТ

ФК Вардар ги исчисти долговите и по осум години ја деблокира сметката

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар конечно може нормално да функционира. Новото раководство кое го презема клубот пред почетокот на тековната…

April 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?