Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева: Поразот на СДС на локалните избори ќе им биде показател за потребната реформа и реорганизација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Митева: Поразот на СДС на локалните избори ќе им биде показател за потребната реформа и реорганизација
ПОЛИТИКА

Митева: Поразот на СДС на локалните избори ќе им биде показател за потребната реформа и реорганизација

Објавено July 15, 2025 20:15
Сподели
Сподели

На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ вечерва гостуваше портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која дискутираше за безидејноста на СДС и дека поразот кој ќе го добијат на локалните избори ќе им биде показател за тоа дека треба целосно да се реформираат и реорганизираат како партија.

„За безидејноста којашто се случува во СДС, мислам дека поразот којшто ќе го доживеат на овие локални избори ќе им биде доволен показател за тоа како треба навистина да се посветат на целосна реорганизација и реформирање на структурите и начинот на делување и од аспект на опозиција“, истакна Митева.

Митева посочи дека кој и да биде противкандидат на Орце Ѓорѓиевски ќе се соочи со пораз.

„Кој и да биде противкандидат на Орце Ѓорѓиевски ќе ги загуби изборите односно ќе има убедлива победа на Орце уште во првиот круг во градот Скопје и во останатите општини се разбира. Ние веќе како политичка партија објавивме четириесеттина имиња за градоначалници, до крајот на месец јули ќе објавиме уште, и во првата половина на август ќе го заокружиме целокупниот процес на објавување на кандидатите за градоначалници“, рече Митева.

На крај Митева посочи дека кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се силни и докажани луѓе кои и покрај опструкциите од страна на СДС и ДУИ реализирале голем број на проекти.

„Тоа се силни докажани луѓе коишто навистина имаат резултати зад себе, тоа се луѓе коишто се посветија на работа и на реализација на програмата, тоа беа градоначалници а извршната власт од СДС и ДУИ навистина ги опструираше и блокираше, но успеаа и со такви опструкции да реализираат голем број на проекти од својата програма. Ќе понудиме нешто што навистина значи промена нешто што навистина значи подобар живот за граѓаните и сум убедена во голема победа“, децидна е Митева.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тешко повредена велосипедистка во сообраќајка во Скопје
Следна Статија Софија Вергара е бомба, а погледнете ја нејзината помлада сестра: Убавата Колумбијка повеќе не е „во сенка“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Неетички чин на министерот Филков, судир на интереси или кражба на труд?

„Министерот за правда, Филков, има намера да магистрира на тема „Креирање на стратегии во сферата на правосудството како надлежност на…

September 5, 2025
ПОЛИТИКА

Кадар на ДУИ е именуван за заменик директор на Агенцијата за национална безбедност, објави Левица

Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го именувала Бесник Ферати на позицијата заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Бесник…

June 22, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори. СДС…

September 28, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Лоши економски политики на власта, платите стагнираат а странските инвестиции паднаа од 500 на 220 милиони евра

Власта има лоши економски политики, ниту пак води грижа за работниците во било кој сектор и воопшто нема најава за…

September 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?