Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Натпартиски консензус е единствено решение, да разговараме и да ги детерминираме црвените линии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Натпартиски консензус е единствено решение, да разговараме и да ги детерминираме црвените линии
ПОЛИТИКА

Филипче: Натпартиски консензус е единствено решение, да разговараме и да ги детерминираме црвените линии

Објавено July 15, 2025 22:39
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска уште еднаш упати апел за лидерска средба на која, како што рече, би се детерминирале црвените линии и би се постигнал натпартиски консензус за клучните државни прашања.

Филипче во „Само интервју“ на Канал 5, оцени дека пораз на Владата е тоа што во Европскиот парламент беше изгласан Извештајот за напредокот на Македонија без македонски јазик и идентитет.

Натпартиски консензус е единствено можно решение за клучните прашања, но за тоа да се направи треба да се седне и да се разговара, да нема калкулации и предрасуди, да видиме кои се нашите црвени линии. Подготвен сум во кој било момент да седнеме да разговараме и да видиме како ќе продолжиме напред. Зошто не прифаќаат средба кога толку повикуваат на национално единство? Јас сум подготвен да ги детерминираме црвените лини и да го продолжиме европскиот пат. Имаме очигледно различни позиции, јасно е тоа и жалам што е така, но треба да почнеме со решавање на проблемите – нагласи лидерот на СДСМ.

Според него, проблемот со Бугарија нема да го решиме ни брзо, ни лесно, но прашањето е дали додека го решаваме ќе стагнираме.

Прашањето е дали во тој период нема да имаме реформи, нема да ги направиме уставните промени за кои сите викаме – нема проблем да се внесат Бугарите во Уставот, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ, па потоа да се отворат поглавјата, да почне вистинската реформа на правниот систем, да се донесат реформските закони во енергетиката, европските коридори,…, да ги добиеме европските фондови или ќе чекаме и ќе викаме „аха, Бугарите не не признаваат, имаме ризик по јазикот, по идентитетот“ и ништо нема да направиме – рече Филипче, додавајќи дека некогаш вистинскиот пат бара црвсти и храбри одлуки по цена на политичкиот рејтинг.

Негов впечаток е дека Владата само бара причина да не оди напред по европскиот пат, како и дека нема желба да спроведе реформи во правосудството.

Оваа Влада владее исто како во времето на Груевски. И Мицкоски преминува на национално единство, но не кажува на што се однесува тоа. Сите чинители треба да седнат, да ги одредат црвените линии, но таква работа освен што се најавува, не се спроведува и тоа сметам дека е популистичко владеење за да се поделат граѓаните на патриоти и предавници. Ние имаме конкретен предлог – француски, три години е на маса. Три години на маса е понудата, до кога ќе чекаме – прашува лидерот на СДСМ.

Тој изнесе и предлог, да има референдум дали сме подготвени да го продолжиме европскиот пат, па, како што рече, нека одлучат граѓаните.

Владата е таа што ја води борбата за јазикот, идентитетот, државата. Ветуваа дека нашата преговарачка позиција ќе се подобри, но не успеаја да ги исполнат ветувањата од предизборниот период – истакна Филипче.

Во однос на инфраструктурните проекти, укажа дека е подобро да ја почнеме пругата со европски пари, а не да се задолжиме со кредит што ќе го враќаат нашите деца.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Малолетнички се онесвестиле на базен, откако се напиле алкохол уште сабајле
Следна Статија Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Ахмети е кум на бизнисите на Мијалков и Вучиќ

Коалицијата ВЛЕН излезе со нови обвиненија кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети, тврдејќи дека неговото семејство посредувало во сомнителни финансиски…

September 28, 2025
ПОЛИТИКА

ВЛЕН прашува: Дали во стандардите на отчетност на ДУИ се „Соравија“ или Лотарија?

За што точно зборува ДУИ кога говори за „нови стандарди на отчетност“?! Кое партиско тело во ДУИ некогаш направило „тест за…

December 5, 2024
ПОЛИТИКА

ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија и регулирање на работата на другите социјални мрежи

По последните случувања во Република Албанија, убиството на 14-годишното момче и следствено на тоа, воведената рестрикција на Тик Ток, Либерално-демократската…

December 23, 2024
ПОЛИТИКА

Без консензус нема промена на имиња на улици

Не може да има промена на имињата на улиците без консензус. Тоа зависи од одлука на Влада. Доколку има таква…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?