Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Детали: Докторката офталмолог барала 100 евра за операција за отстранување на катаракта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Детали: Докторката офталмолог барала 100 евра за операција за отстранување на катаракта
ХРОНИКА

Детали: Докторката офталмолог барала 100 евра за операција за отстранување на катаракта

Објавено July 17, 2025 14:04
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Осомничената, доктор – офталмолог при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, побарала од лице од ресенско подарок во износ од сто евра за да изврши службено дејствие кое што секако би морала да го изврши, односно да изведе операција – отстранување на катаракта кај сопругата на пријавителот.

На 16 јули, таа го повикала пријавителот на одделението за офталмологија во болницата за да ги земе парите и да закажат операцијa. Тој и дал една банкнота од 100 евра која претходно била обележана, па веднаш откако осомничената ги примила парите полициски службеници извршиле претрес и кај неа ги пронашле парите, информира Обвинителството.

Ценејќи ги сите околности во предметот и законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничената.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Потпишана Декларацијата за стратешко партнерство, Муцунски: Ги зајакнуваме билатералните односи со Обединетото Кралство
Следна Статија Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да го следи судењето, рочиштето одложено за во август

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Во двор во Арачиново фрлени шишиња со запалива материја

На 26.01.2025 во 02:29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа во с.Арачиново, скопско, во која…

January 26, 2025
ХРОНИКА

Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер

Неколку пожари се активни денеска на отворен простор низ државата, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.…

August 12, 2025
ХРОНИКА

За Нова година без покрив над глава: На осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и тутунот

На осумчлено семејство од селото Воѓани, општина Кривогаштани, во пожар им изгоре целата куќа и речиси сиот род на тутунот…

December 28, 2025
ХРОНИКА

Почина бебе во Шуто Оризари

На 10.01.2026 во 08:00 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош е пријавено дека во дом на подрачјето на…

January 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?