Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените
ЕКОНОМИЈА

До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

Објавено July 17, 2025 14:44
Сподели
Сподели

До крајот на месецов треба да биде познат моделот како ќе се реагира на зголемувањето на цените на прехранбените производи. Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека сеуште се прават анализи и дека се размисува за неколку пристапи, не откривајќи повеќе детали.

– Се уште се анализираат параметрите, имаме во голема мера јасни индикатори каде е базичната инфлација која влијае на конечната инфлација. Очекувам дека до крајот на месецов ќе го конципираме моделот и доколку продолжи овој тренд и во месеците што следат, ќе имаме мерки. Размислуваме неколку пристапи. Се консултираме со професори, и тие прават анализи, и ние правиме анализи и Пазарниот инспекторат. Разговараме и со лаците маркети така што треба еден заеднички пристап, да не се гледаме како различни страни, туку треба холистички да го гледаме проблемот за да дојдеме до трајно решение, рече Мицкоски на заедничката прес-конференција во Владата со министерот за локална самоуправа Златко Перински. 

Според Мицкоски, многу поважно е да се види од каде се создава проблемот со зголемувањето на цените и тука да се реагира, наместо да се носат мерки на краток рок. 

– Најголем дел од нашиот фокус е на базичната инфлација. Најлесно е да аплицираме мерка којашто на краток рок ќе даде резултат, но сега потемелно  анлизираме за да видиме од каде се создава проблемот. Наш интерес како Влада е да имаме задоволни граѓани кои ќе имаат најниски цени во Европа, но прашањето е дали тоа во реалноста е можно. Ќе направиме се што е во наша моќ граѓаните, во рамки на нашите можности, да имаат најниски цени во Европа, но мораме да влеземе во базата, во основата, рече Мицкоски.

На 7 јули премиерот најави дека ќе се прави детална анализа на базичната инфлација по што ќе се излезе со прецизни и таргетирани мерки. 

– Не сме среќни што ова се случува, но мора да направиме детална анализа во делот на базичната инфлација бидејќи разговарав со неколку економски професори и заклучокот е дека делот од производите кои ја креираат оваа инфлација можеби во односот добавувачи – маркети не е толку зголемено, колку во базичната инфлација и во делот на инфлацијата на услуги. Ќе има мерки многу скоро кои сакаме да бидат прецизни и таргетирани. Не сакаме да бидат мерки што ќе предизвикаат стихија, рече Мицкоски на прес-конференцијата во Владата.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека трошоците на живот во јуни се зголемени за 4,5 проценти на годишно ниво, а цените на мало за 3,7 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски задоволен од постигнатиот конзенсус меѓу Софија и Скопје за изградбата на пругата од Коридорот 8
Следна Статија 23-годишна скопјанка претепана од партнерот и свекрвата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

До 10 јули треба да бидат пуштени првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули,…

June 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јанкуловски: Со ребалансот на Буџетот фокусот е на стабилноста, отчетноста и ефективноста во трошењето на јавните финансии

Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2025 година се потврда на фискалната политика за неопходноста од консолидација и подобрено…

July 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги – финансиската едукација мора да биде дел од образованието

„Младите денес сѐ порано стануваат корисници на финансиски услуги, поради што финансиската едукација треба да биде системски интегрирана во образовниот…

March 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Акции за следење во понеделник: Преглед на Capital One, UnitedHealth, Walmart, Exxon

Акциите на најголемите американски банки и компании за кредитни картички паднаа по повик на претседателот за ограничување на каматните стапки…

January 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?