Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: OJO поведе истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > OJO поведе истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен
ХРОНИКА

OJO поведе истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

Објавено July 17, 2025 23:02
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага против све лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

„На 11 јули во селото Батинци, осомничените заедно и по претходен договор, со умисла го лишиле од живот сега починатиот Агим Муареми, а притоа го довеле во опасност и животот на неговата ќерка.

На наведеното место пристигнале со автомобил “Опел астра” со кој управувал вториот осомничен, додека првиот осомничен и уште две за сега непознати лица биле сопатници. Со возилото го пресекле патот на автомобилот „КИА соренто“ во кој биле оштетените“, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.

„Првоосомничениот со огнено одружје – пиштол испукал пет куршуми кон сега починатиот и неговата керќа, притоа нанесувајќи му на оштетениот две огненострелни рани во градниот кош и заканувајќи се дека ќе им го убие целото семејство.

Жртвата успеала да излезе од возилото со цел да спречи убивање или грабнување на неговата ќерка и тргнал кон напаѓачите, на што тие веднаш влегле во нивниот автомобил и избегале. Ќерката повикала роднини кои го пренеле таткото во болница, но тој таму им подлегнал на здобиените повреди“, потенцираат во соопштението.

Наредбите издадени од јавниот обвинител до овој момент резултираа со идентификување на лицето сопственик и возач на автомобилот во кој биле сторителите. Тој е лишен од слобода и денеска беше изведен пред судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, каде јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор, соопшти ОЈО.

Потрагата за првиот осомничен продолжува, а јавниот обвинител издава наредби за идентификација и на другите за сега непознати лица инволвирани во настанот, додаде ОЈО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доктори од ГАК присуствуваа на напредна обука во Солун
Следна Статија Скопјанката Светлана Мојсов, професорка на Универзитетот Рокфелер во САД, е лауреат на Светската награда на хуманизмот за 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на Плетвар

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што вечерва се случи на превојот Плетвар, кога се превртел камион…

June 26, 2026
ХРОНИКА

Ин мемориам: Почина Ристо Ќорнаков, член на легендарната група „Зијан“

Во 61-та година од животот почина Ристо Ице Ќорнаков (1963-2024), член на легендарната гевгелиска поп-рок група „ЗИЈАН“. Пред еден месец…

December 28, 2024
ХРОНИКА

Двајца охриѓани препакувале и продавале марихуана и кокаин

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(55) и М.Ц.(30), двајцата од Охрид, , поради постоење основи на сомнение за сторено…

November 9, 2025
ХРОНИКА

Воспитувачка се однесувала насилно кон дете во приватна градинка во Охрид

Ноќеска во 19.50 часот, во СВР Охрид било пријавено дека, воспитувачка во една приватна детска градинка во Охрид, била насилна…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?