Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Шокираната“ ДУИ кога била на власт се согласила дека поради злоупотреби„балансерот“ треба да се укине
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > „Шокираната“ ДУИ кога била на власт се согласила дека поради злоупотреби„балансерот“ треба да се укине
ПОЛИТИКА

„Шокираната“ ДУИ кога била на власт се согласила дека поради злоупотреби„балансерот“ треба да се укине

Објавено October 10, 2024 11:19
Сподели
Сподели

По вчерашната одлука на Устаниот суд да ја укине алатката „балансер“ поради бројни злоупотреби реакциите претежно од албанската опозиција никако да стивнат. Најгласни во овие критики се претставниците на ДУИ кои дури пред Уставниот суд одржаа драматична прес-конференција. Но дали намерите на ДУИ се искрени кога станува збор за укинувањето на балансерот?

Фактите покажуваат дека кога ДУИ била на власт заедно со партнерите во Владата се согласиле дека веќе е надмината потребата на балансерот пишува ДВ. Ова може да се види во Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030 со Акциски план 2023 -2026. Тоа е владин акт од јули 2023 година, што значи дека е донесен во мандатот на Владата на СДСМ и ДУИ. Во него, на страница 47 е наведено дека „се надминува потребата од примена на алатката наречена ‘балансер’ која во пракса предизвикува бројни злоупотреби“. 

Оваа стратегија е донесена со цел јавната администрација да стане департизирана, професионална и стручна во својата работа а целиот процес бил подржан од Европската унија.

„Тоа е единствениот начин кој на граѓаните може да им гарантира побрзо, поквалитетно и поевтино остварување на нивните индивидуални права, како и заштита на јавниот интерес“, се наведува во Стратегијата.

„Имено, начелото на еднаков пристап до секое работно место, начелото на стручност и компетентност и начелото на родова еднаквост треба да се примарни и единствено применети во целиот процес на селекција, вработување и унапредување на сите нивоа во јавната администрација, додека во фазата пред донесување на одлуката за избор секако треба да се води сметка и за начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците“, пишува во Стратегијата на Владата.

На овој начин, според творците на Стрегијата која повторно треба да се напомена дека е донесена во време кога ДУИ е дел од Владата треба да се надмине потребата од примена на алатката наречена ‘балансер’, која во пракса предизвикува бројни злоупотреби, а од друга страна останува примената на начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АКО НЕ СЕ ЧЕКИРАТЕ ОНЛАЈН, ЌЕ СИ ПЛАТИТЕ 65 ЕВРА Авиокомпанијата Рајанер ги укинува шалтерските услуги
Следна Статија Македонија денес против Летонија за продолжување на битката за првото место во групата на ЛН

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВИДЕО: Инцидент на Комисијата за финансирање и буџет, избегната физичка пресметка меѓу пратеници

Многу малку фалело да дојде до физичка пресметка помеѓу пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи и Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, за…

November 15, 2024
ПОЛИТИКА

ДУИ се длабоко загрижени и го осудуваат нападот на редакцијата на порталот „Инфомакс

Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост и го осудува насилниот инцидент што се случи во редакцијата на…

December 11, 2025
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: Ние со САД и Европа, Бујар Османи со Лавров и „Отворен Балкан“

Повеќе од јасно е дека или си со Вашингтон и Европа, или си со српскиот свет. Ние во текот на…

September 7, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски го избриша македонскиот јазик од Европскиот парламент и треба да сноси одговорност

Заради теснополитички интереси, тој одново ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент – прашање што беше затворено, а…

July 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?