Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Левица ќе иницира разрешување на претседателката на ДКСК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Левица ќе иницира разрешување на претседателката на ДКСК
ПОЛИТИКА

Левица ќе иницира разрешување на претседателката на ДКСК

Објавено July 21, 2025 18:29
Сподели
Сподели

Пратеничката група на Левица попладнево соопшти дека преку пратеникот Борислав Крмов како член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања ќе поднесе предлог за разрешување на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.

Од Левица посочуваат дека недозволиво е Собранието да биде пасивно и да чека самата претседателка да поднесе оставка од морални причини, кога против Димитровска се водат две кривични истраги и истата повеќе од два месеци не доаѓа на работа.

-Дополнително, при постапката за избор на претседател за Антикорупциска комисија, секој кандидат мора да поднесе уверение дека против него не се води кривична постапка. Овој принцип мора да важи во текот на целиот мандат и претставува основ Собранието да ја разреши претседателката Татјана Димитровска, како надлежно тело кое го врши изборот и разрешувањето на составот на Државната комисија за спречување на корупција. Левица, од самиот момент кога Димитровска доби статус на осомничена во случајот „Адитив”, побара оставка и од целокупниот состав на Антикорупциска комисија, затоа што целосно е компромитиран и нарушен интегритетот за работа на ова тело. Дополнително, ако се земат предвид и низата на скандали кои од самиот старт ја следат Антикорупциска комисија и нејзиното непостапување (како во случаите со директорот на АНБ и заменик-директорката на Агенцијата за разузнавање), јасно е дека овој состав единствено служи за да ги аминува лошите политики на власта. Оттука, јасно е зошто власта не иницира разрешување на претседателката Татјана Димитровска, која токму мнозинството од ДПМНЕ и СДС сложно си ја изгласа и чиј интегритет е целосно нарушен, велат од партијата.

Од Левица со повик до владејачкото мнозинство да иницираат законски измени на Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, со цел, како што велат, конечно воспоставување на професионални критериум и стандарди за работа на ова тело.

-Дополнително, наместо премиерот Мицкоски и спикерот Гаши да ги констатираат само лошите законски решенија, кои им овозможуваат неограничена законска заштита на избраните функционери, ги повикуваме како владејачко мнозинство да иницираат законски измени на Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, со цел конечно воспоставување на професионални критериум и стандарди за работа на ова тело, каде самите членовите ќе подлежат на висока одговорност и отчетност пред граѓаните, наместо да бидат партиски послушници на властите, посочуваат од Левица.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека треба да има правосилна судска пресуда за да се почне постапка во законодавниот дом за одземање на мандатот на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат.

Потренцира дека собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да одлучува за оваа прашање.

-Треба да има правосилна судска пресуда. Како што знаете, процедурата е пропишана во Деловникот и за тоа ќе одлучува Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Значи, ако има било каква постапка, треба да се отпочне од таа Комисија. И ако тие одлучат можат да донесат каква било одлука. За разрешување, тие треба да донесат одлука па тоа да се процесира на пленарна седница. Што и да одлучи Комисијата, јас ќе го процесуирам во пленарна седница. Но, да, законот е јасен, значи зборува за не за покренување на обвинение, туку за правосилна судска пресуда. Тоа е делот каде што пратениците треба да размислат. Законски услови се уште нема, но делот на угледот, дали може некој да го води тоа тело а има покренато обвинение, тоа повеќе е работа на етика и углед, достоинственост на водење на таа институција. Сепак, останува на Комисијата, рече претседателот на Законодавниот дом.

Гаши нагласи дека претседателката на ДКСК досега до Собрание нема доставено оставка.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 18 јули годинава, поднесе обвинителен предлог против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ му сторила достапни податоци кои се сметаат за службена тајна. Воедно, на Димитровска ѝ се става на товар и дека незаконски го добила сертификатот за класифицирани информации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најтопло денеска во Скопје, Велес, Кавадарци и Демир Капија, за утре температура до 42 степен
Следна Статија Голем пожар во Куманово: Горат каросерии од автомобили

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети: Јас сум сериозен човек – ќе одам на лидерска

Демократската унија за интеграција ја информира јавноста дека претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети, ја свика втората седница на Генералниот…

January 14, 2026
ПОЛИТИКА

Јовановски за пензионерите: Ќе ги подобриме условите во Пензионерскиот дом во Кичево

Нашите родители, нашите баби и дедовци се оние кои не израснаа, кои не доведоа во состојба да функционираме самостојно и…

October 26, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: За земени кредити и нереализирани капитални проекти поради неспособноста на владата на СДС, државата платила 25 милиони евра камата

Пратеникот во македонското Собрание и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во „Утринско Еспресо“ на радио Лидер, рече дека…

October 24, 2024
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје

Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје. Остваривме извонредна и пријателска средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, господинот Зоран…

August 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?