Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прилепската болница доби донација: Нов ехо апарат за скрининг на колковите кај доенчињата вреден околу 16 илјади евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Прилепската болница доби донација: Нов ехо апарат за скрининг на колковите кај доенчињата вреден околу 16 илјади евра
ЗДРАВЈЕ

Прилепската болница доби донација: Нов ехо апарат за скрининг на колковите кај доенчињата вреден околу 16 илјади евра

Објавено July 22, 2025 17:46
Сподели
Сподели

Ортопедското одделение при прилепската општа болница доби нов ехо апарат за рано откривање на развојно нарушување на колковите кај доенчињата. Апаратот кој е нов, е донација на шведската хуманитарна организација „Хабтихант“ и е во вредност од 15 800 евра.

Идејата и љубовта за Прилеп и да помогнеме се многу големи. Апаратот може да се надградува. Пресудно беше што директорот рече дека апаратот е за деца и да им се помогне, изјави Марија Русенгрен, претседател на хуманитарната организација „Хантихант“ од Шведска.

Со претходниот апарат, исто донација од Јапонија, досега се работело 32 години кога почнал со работа и кабинетот за детска ортопедија, а методата за скрининг на колкови кај доенчиња во прилепската болница е воведена уште од 1989 година од примариус д-р Трајче Бошкоски.

Сега нашите доктори ќе продолжат со работа со овој нов, современ апарат. Досегашниот иако е во функција, но е со слаба резолуција и многу користен. Донацијата е прекупотребна и благодарноста е огромна, рече на денешната прес- конференција за донацијата директорот на прилепската болница Кире Јоноски.

фото: МИА

Со апаратот ќе се пружа здравствена заштита и на жителите од соседните општини преку закажан термин.

Во последните три години се реализирани вкупно 3525 ехо прегледи на колкови кај доенчиња. Во просек, се прават по 100 прегледи месечно.

Добредојден е новиот ехо-апарат за скрининг на колковите кај доенчињата. Како метод што го користиме сме пионери во државава. Методот е безбеден, нештетен и се надеваме со дополнителна обука да им ги пренесеме знаењата и искуствата на специјализантите, идните ортопеди на одделението, рече д-р Василе Василески, раководител на ортопедско-трауматолошкото одделение во прилепската болница.

Организацијата „Хантихант“ од Шведска во Прилеп досега има донации во вредност од околу 700 000 евра, во болницата и во други установи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонец починал на плажа во Грција
Следна Статија Владата донесе две одлуки за набавка на пченица и оризова арпа од домашното производство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Меџити: Вкупно 1500 здравствени работници ќе добијат решенија за работа, без разлика кој ги вработил

Првиот заменик-претседател на Владата на Македонија, Изет Меџити, соопшти дека владата има одлука за трансформација на здравствените работници кои биле…

February 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Германски научници открија ново антитело со силна заштита против ХИВ

Научници во Келн открија ново антитело со исклучителна способност да го неутрализира вирусот ХИВ. Во лабораториски услови, антителото покажало висок…

December 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Будни сте до доцна: Недостатокот на сон е активатор на бројни хронични болести

Сонот го зајакнува имунолошкиот систем, но денес повеќе од една третина од возрасните лица не успеваат да ги отспијат препорачаните…

August 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Се вработуваат над 950 лекари, болничари, сестри и психолози

Министерството за здравство информира дека од именувањето на министерот Азир Алиу на 9 јуни, започнал интензивен процес за засилување на…

July 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?