Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Градежен хаос во Дебар Маало – „Шанса за Центар“ обвинува за прекршување на права и загрозување на безбедноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Градежен хаос во Дебар Маало – „Шанса за Центар“ обвинува за прекршување на права и загрозување на безбедноста
МАКЕДОНИЈА

Градежен хаос во Дебар Маало – „Шанса за Центар“ обвинува за прекршување на права и загрозување на безбедноста

Објавено July 23, 2025 09:46
Сподели
Сподели

Иницијативата „Шанса за Центар“ алармира за хаотична и контроверзна градба што се изведува во срцето на Дебар Маало, во непосредна близина на детска градинка. Во објава на социјалните мрежи тие остро реагираат дека проектот се спроведува без почитување на соседското право, безбедносните стандарди, но и мирот на жителите и децата.

„Вака се гради во Дебар Маало! Без усул ни за соседското право, или безбедноста, спокојот на жителите или на децата од градинката,“ пишува иницијативата, објавувајќи и фотографии од теренот. Тие тврдат дека изградбата се одвива врз основа на стар Детален урбанистички план (ДУП) од 2012 година, кој, иако застарен, сѐ уште е на сила и се користи како основа за вакви проекти.

„Ова е сѐ за што локалните власти, управувани од партиите, велат дека е по дозвола, по план од 2012, одобрено од инспектори и служби. Вака изгледа кога после 15 години се спроведуваат погрешни планови,“ се наведува во реакцијата.

Особено внимание предизвикува нивната иронична забелешка: „Устав се менува, ама ДУП никако“, со што го критикуваат отсуството на иницијатива за ревизија на урбанистичките планови кои, според нив, повеќе им служат на интересите на градежниот бизнис отколку на интересите на граѓаните.

Од надлежните институции засега нема официјална реакција по обвинувањата. Жителите на Дебар Маало со години бараат одржливо и транспарентно урбанистичко планирање кое нема да го загрозува квалитетот на нивниот живот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ливерпул подготвува уште еден сензационален трансфер
Следна Статија Џенифер Лопез симулира порно движења на настап (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Почувствуван земјотрес во Скопје со јачина од 3,1 степен

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала предмалку е регистиран на границата со Косово-Србија-Македонија, објави Европскиот медитерански сеизмолошки…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДИК со првични информации: ВМРО-ДПМНЕ ВО ВТОРИОТ КРУГ ДОСЕГА ИМА 19 ОПШТИНИ

Сега засега, СДСМ има 5, коалицијата Вреди има 4, НАИ има 2 и Унија на Роми 1 градоначалничко место. ВМРО-ДПМНЕ…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со говорот на „CPAC“ ги докажа одличните односи меѓу САД-Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на конференцијата CPAC – големиот десничарски настан кој се одржува во Вашингтон, а на кој…

February 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фотографиите од „Сејф сити“ нема да го покажуваат совозачот, ликот ќе биде замаглен

Суштината е дека мораме да ги доставиме до граѓаните сите оние докази кои што би требало да ги убеди дека…

January 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?