Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На јавниот повик за ангажирање лица за справување со пожарите пријавени помалку од 500 кандидати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На јавниот повик за ангажирање лица за справување со пожарите пријавени помалку од 500 кандидати
МАКЕДОНИЈА

На јавниот повик за ангажирање лица за справување со пожарите пријавени помалку од 500 кандидати

Објавено July 23, 2025 19:58
Сподели
Сподели

Јавниот повик со кој се бараше да се пријават лица кои ќе учествуваат во превенција, а дел од нив и во справувањето со пожарите, истекува денеска. Пријавените ќе бидат контактирани по што ќе треба да поминат дводневна обука во рамки на која ќе биде направена селекција.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска на прес-конференција информираше дека се пријавени помалку од 500 кандидати, а во Скопје околу 50, иако, како што рече, очекувале бројка од 80 лица.

Во овој момент имаме нешто помалку од 500 пријавени кандидати на територија на државата. Нам ни беа потребни 400. За жал, бројката во Скопје е нешто помала, под 50, а очекувавме 80 лица – рече Ангелов.

Овие лица во следните два до три дена ќе бидат повикани во локалните територијални противпожарни единици и ќе започнат со најмалку дводневна обука во чие времетраење ќе се изврши селекција.

Најдобрите од овие лица понатаму ќе имаат можност да бидат вработени во локалните територијални противпожарни единици или во Дирекцијата за заштита и спасување, а најдобрите во текот на наредниот период во Единицата за рамки на ДЗС – рече Ангелов.

Во Специјалната единица која ќе биде формирана, платите на вработените ќе бидат повисоки во однос на платите на пожарникарите, но овие лица ќе бидат ангажирани на тешко пристапни терени.

Зборуваме за едница во која сите припадници би биле помлади и физички подготвени на едно сосема друго ниво за да можат да одговорат на најтешки и најсложени задачи – рече Ангелов на прес-конференцијата на која беа дадени најнови информации околу состојбата со пожарите во земјава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Полицајци спречија девојка да си го одземе животот, приведен маж поради сомнение за проституција
Следна Статија Грција бара од Владата да го користи уставното име

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Новиот министер за хаосот со паркингот на Клинички: Имаме идеи, сè уште немаме решение

Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени,…

June 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: За 20% зголемен бројот на трансакции на националната платформа за интероперабилност

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски беше гостин во програмата на Македонско радио – Радио Скопје, во своето гостување меѓу…

April 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд денеска носи одлука за „балансерот“

Уставниот суд денеска на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Објавена меѓународна потерница за Васко Ковачевски

Министерството за внатрешни работи објави национална и меѓународна потерница за поранешниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Ковачевски е недостапен…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?