Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 318.000 пензионери се оштетени со линеарно зголемување од 1.000 денари, вели Тренчевска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Над 318.000 пензионери се оштетени со линеарно зголемување од 1.000 денари, вели Тренчевска
ПОЛИТИКА

Над 318.000 пензионери се оштетени со линеарно зголемување од 1.000 денари, вели Тренчевска

Објавено July 24, 2025 14:06
Сподели
Сподели

Владата им подготвува историска имама на пензионерите, со последната одлука за линеарно згоелмување на пензиите за 1.000 денари, рече на денешната пре-конференција Јована Тренчевска – пратеничка од редовите на СДСМ.

Пензионерите ќе бидат два пати оштетени со оваа одлука, со овој грабеж, еднаш во септември и еднаш во март следната година, истакна Тренчевска.

„Денес ќе ја изложиме целосната пресметка и фактите за македонските пензионери да разберат за каква манипулација се работи.

Според сегашниот закон кој го донесе СДСМ, пензиите се усогласуваат двапати годишно — во март и септември — врз основа на растот на платите и трошоците за живот. Ако Владата не го менуваше законот и се водеше по услогласувањето, пензиите во септември ќе се зголемеа за околу 5%.

Што значи тоа?

За пензија од 20.000 денари зголемувањето ќе беше 1.000 денари, исто како што сега со линеарното зголемување.

Но за пензија од 25.000 денари, пензионерите би добиле 1.250 денари, а со новото решение добиваат помалку, само 1.000 денари.

За пензија од 30.000 денари, наместо 1.500 денари, добиваат помалку.

За пензија од 40.000 денари, наместо 2.000 денари, повторно добиваат двојно помалку, само 1.000.

И така редоследно секој пензионер губи од пензијата.

Според нашите точни пресметки, огромни 92,5% од пензионерите, односно над 318.000 луѓе, се оштетени со ова линеарно зголемување и ќе земаат помалку од тоа што им следува по закон.

Само 7,5% од вкупниот број на пензионери ќе добијат нешто и тоа помалку од заслуженото“, посочи Тренчевска.

Тренчевска дополнително додаде дека, следното усогласување во март 2026 ќе се пресметува на помала основица, што значи дека и понатаму пензионерите ќе добиваат помалку од заслуженото.

„Со ова решение Владата практично ги излажала и им ускрати од пензиите на пензионерите двапати.

Покрај тоа што пензионерите се оштетени, со оваа одлука се крши принципот на правичност — секој да добива според својот придонес — и се испраќа порака дека вложувањето во пензискиот систем нема смисла, што го загрозува фондот и идните пензии.

Анализата исто така покажува дека денес на еден пензионер има само 1,6 работници — најлош однос досега, а дефицитот на фондот е над 47% и расте. Наместо Владата да го стабилизира системот и да поттикне повеќе вработени, таа со популистички и манипулативни потези го уништува. Не само што го уништува системот, туку објективно ги краде пензионерите“, рече пратеничката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Протоколот со кој Бугарија може да нѐ блокира кога ќе посака оди на Уставен суд
Следна Статија Се бараат 300 невработени да се грижат за стари, но и асистенти за деца за плата од 28.000 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маалска…

June 7, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за пратеничката Салиу-Фетаи поради кршење на Деловникот и правата на пратениците

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на прес-конференција најави дека СДСМ ќе поднесе кривична пријава против пратеничката Имрлијe…

March 14, 2025
ПОЛИТИКА

Андреј Петров: Претседателот е прв одговорен во поразите

Поранешниот генерален секретар на СДСМ, Андреј Петров, во емисијата „Тема на денот“ на Сител истакна дека по катастрофалниот пораз на…

November 16, 2025
ПОЛИТИКА

„Шокираната“ ДУИ кога била на власт се согласила дека поради злоупотреби„балансерот“ треба да се укине

По вчерашната одлука на Устаниот суд да ја укине алатката „балансер“ поради бројни злоупотреби реакциите претежно од албанската опозиција никако…

October 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?