Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нејмар во изненадувачки трансфер се враќа во Европа?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Нејмар во изненадувачки трансфер се враќа во Европа?
СПОРТ

Нејмар во изненадувачки трансфер се враќа во Европа?

Објавено July 25, 2025 13:09
Сподели
Сподели

Нејмар (33) би можел да се врати во европскиот фудбал. Сериозен интерес за него покажува Олимпик Марсеј, пишуваат неколку извори. Бразилскиот напаѓач, кој моментално игра за Сантос, наводно размислува за враќање во Европа за да може да влезе во вистинска форма и да му се наметне на селекторот Карло Анчелоти во пресрет на Светско првенство.

Францускиот клуб веќе започна преговори. Челниците на клубот се свесни дека преговорите нема да бидат лесни, но веруваат дека желбата на Нејмар да се врати во познатата лига би можела да преовлада.

Бразилецот позитивно гледа на приклучувањето кон амбициозен проект во кој би можел да игра клучна улога. Раководството на Марсеј се подготвени да преземат финансиски и спортски напори за да ја убедат јужноамериканската ѕвезда и да го формализираат неговото доаѓање што е можно поскоро, се нагласува во текстовите за можниот трансфер.

Нејмар играше во Франција од 2017 до 2023 година по трансфер вреден 222 милиони евра од Барселона во Пари Сен Жермен. Тој ја освои Лига 1 пет пати и еднаш играше во финалето на Лигата на шампионите. Вкупно, тој постигна 118 голови и имаше 79 асистенции за ПСЖ во 173 одиграни натпревари.

Марсеј е најголемиот ривал на ПСЖ во францускиот фудбал. Ова се двата француски клуба со најмногу трофеи и единствените два со освоена титула во Лигата на шампионите.

Нејмар е под договор со Сантос до крајот на годината.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно
Следна Статија Патувањата во ЕУ ќе не чинат повеќе: Наместо 7 ќе плаќаме 20 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

3 клучни поенки од загубата на БЈУ кај Окла­хома Стејт

Трета последователна загуба за БЈУ.

February 6, 2026
СПОРТ

Joкиќ со нов трипл-дабл и нов рекорд

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, стана третиот кошаркар во историјата на НБА-лигата кој постигнал три трипл-дабл по ред на…

October 28, 2025

Грчките медиуми ја признаваат надмоќта на РК Охрид против Олимпијакос

Во првиот клучен меч во четвртфиналето, против тим со голем буџет и еден од фаворитите за титулата, „црвено-белите“, кои настапија…

March 30, 2026
СПОРТ

(Видео) Арсенал го елиминира Реал, Интер ја преживеа драмата во Милано

Фудбалерите на Интер и Арсенал им се приклучија на Барселона и Пари Сен Жермен во полуфиналето на Лигата на шампионите.…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?