Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шукова и Ацевски: Приоритет за Ѓорче Петров ни е решавање на проблемот со водоснабдувањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шукова и Ацевски: Приоритет за Ѓорче Петров ни е решавање на проблемот со водоснабдувањето
ПОЛИТИКА

Шукова и Ацевски: Приоритет за Ѓорче Петров ни е решавање на проблемот со водоснабдувањето

Објавено July 27, 2025 13:47
Сподели
Сподели

Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денес заедно со Костадин Ацевски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДСМ, ја најавија реализацијата на еден од најважните инфраструктурни проекти за општината, решавање на проблемот со водоснабдувањето.

„Денес во Ѓорче сме со Каја Шукова за да заеднички го адресираме еден од најгорливите проблеми со кои секојдневно се соочуваат жителите на нашата општина, проблемот со водоснабдувањето,“ изјави Ацевски. Тој нагласи дека „проблемот со притисокот на водата е алармантен“ и дека „во голем дел од Ѓорче, притисокот е до толку слаб, што граѓаните буквално добиваат вода капка по капка.“

Шукова посочи дека решавањето на овој проблем ќе биде врвен приоритет веднаш по преземањето на функцијата. „Како идна градоначалничка на Скопје, решавањето на проблемот со водоснабдувањето во Ѓорче Петров ќе биде еден од моите врвни приоритети,“ рече Шукова.

Таа потенцираше дека решението е веќе подготвено: „Проектот ‘Оризарски рид’ веќе постои. Изготвен е од Градежниот институт на Македонија и има позитивна ревизија од ЈП Водовод и канализација.“ – посочи Шукова.

Проектот, според Ацевски, чини околу 3 милиони евра и опфаќа директен убод во главната водоводна линија со профил Фи 1600, изградба на пумпна станица и резервоар и поставување на потисен и повратен цевковод. „Ова е сериозен технички зафат што еднаш засекогаш ќе го реши проблемот со слабиот притисок на вода во нашата општина,“ изјави Ацевски.

Тие нагласија дека досегашното неажурирање на овој проект е директна последица на блокадите од страна на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ристовски: Пропустите се резултат на неспособноста на една градоначалничка и на одговорните луѓе во МОК!
Следна Статија Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028 година

Економска криза, а потоа и „мигранти за пари“, се сценаријата што ја очекуваат државата, вели лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз…

February 1, 2026
ПОЛИТИКА

Кузеска: Една година Влада на ВМРО ДПМНЕ – понижени работници со најниски плати во Европа

За една година власт, ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ ја претворија Македонија во земја на понижени работници, посиромашни граѓани и опасно…

June 24, 2025
ПОЛИТИКА

Или ВМРО-ДПМНЕ или коалицијата Филипче-Ахмети-Апасиев, според Мицкоски трета опција на изборите нема

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посета на општина Градско одговори на новинарско прашање во однос на тоа кои се…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Почна дваесетдневната изборна кампања пред гласањето на 19 октомври

Прв ден од дваесетдневната изборна кампања за Локалните избори 2025 закажани за 19 октомври. Партиите и коалициите почнуваат со официјалните…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?