Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Совет на Народната банка: Растот на домашната економска активност е стабилен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Совет на Народната банка: Растот на домашната економска активност е стабилен
ЕКОНОМИЈА

Совет на Народната банка: Растот на домашната економска активност е стабилен

Објавено August 1, 2025 19:09
Сподели
Сподели

Советот на Народната банка го усвои најновиот Квартален извештај − најважните сегменти од економијата се во согласност со очекувањата

Советот на Народната банка на својата редовна седница го усвои Кварталниот извештај за второто тримесечје од 2025 година.

Во Извештајот се истакнува дека, во текот на вториот квартал, Народната банка го задржа внимателниот пристап во водењето на монетарната политика и не направи промени во основната каматна стапка, соодветно на условите во економијата.

Во однос на остварувањата на основните макроекономски показатели, во првиот квартал од годината растот на домашната економска активност е стабилен, со стапка којашто е приближно иста со проектираната според априлскиот циклус проекции, а најновите високофреквентни податоци за вториот квартал упатуваат на натамошен раст на економската активност. Годишната стапка на инфлација забави во второто тримесечје и се сведе на 3,5%, сепак е малку повисока во споредба со очекувањата од април. Надворешната позиција на економијата е стабилна и во склад со очекувањата, при умерен дефицит на тековната сметка во првото тримесечје од 2,1% од БДП, а нивото на девизните резерви и натаму е во безбедната зона и обезбедува соодветна поддршка за одржување на стабилноста на домашната валута.

Монетарните податоци покажуваат натамошен солиден раст на депозитите и на кредитната активност. Имено, банките и натаму обезбедуваат кредитна поддршка за домашната економија, посилна од очекувањата, при посилен раст и на депозитната база. И натаму се бележат поволни придвижувања од аспект на рочната и валутната структура на штедењето (раст на денарските и долгорочните депозити), одразувајќи ги ефектите од мерките преземени од страна на Народната банка и стабилизираните очекувања на економските субјекти.

Економските услови и натаму се под влијание на неизвесноста, односно ризиците поврзани со надворешното окружување сѐ уште се изразени, а неопходно е натамошно следење и поголема претпазливост во однос на политиките коишто влијаат врз побарувачката во домашната економија и врз ценовната динамика. Народната банка како и досега внимателно ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците и ќе ги презема сите неопходни мерки користејќи ги сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс и на ценовната стабилност.

На седницата на Советот беше усвоена Годишната информација за плаќањата во земјава за 2024 година, како и Годишниот извештај за извршениот надзор над платните системи во 2024 година, коишто покажуваат дека зголемената употреба на дигиталните решенија за извршување на плаќањата придонесе за солиден годишен раст на бројот на безготовинските плаќања во текот на 2024 година од 12,7%. Растот во поголем обем произлегува од плаќањата со платежни картички, a се забележува солиден раст и на плаќањата со кредитни трансфери (платни налози). Притоа, кај платежните трансакции со платежни картички е остварен годишен раст од 14,3%, а кај платежните трансакции остварени со кредитните трансфери растот изнесува 9,8%.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oфицијално: Изет Меџити ќе трча за Чаир
Следна Статија Aко одите во Велес не се капете во езерото “Младост“-загадено е

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Nvidia ќе врбува врвен кадар од AI чип стартап Groq преку лиценцен договор

Највредната компанија во светот ќе придобие инженер кој помогна во развојот на Google's Tensor Processing Unit чип програмата

December 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Откако сме како Влада избрани до сега, ги имаме регулирано односите со нашите колеги во најголем дел. Кога ќе кажам…

March 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Газдите се жалат дека работниците не се продуктивни, Синдикатот вели: Покачете им ги платите

Македонија е една од државите во регионот со најниска и просечна и минимална плата, а Владата и работодавачите немаат слух…

May 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

One Macedonia и Ericsson потпишаа договор за развој на најсовремена 5G мрежа

One Macedonia Telecommunications ДООЕЛ, членка на 4iG Групацијата, на Светскиот мобилен конгрес во Барселона (Mobile World Congress 2026) потпиша договор…

March 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?