Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Детската клиника доби нов мобилен рентген апарат од Јапонската амбасада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Детската клиника доби нов мобилен рентген апарат од Јапонската амбасада
ЗДРАВЈЕ

Детската клиника доби нов мобилен рентген апарат од Јапонската амбасада

Објавено August 5, 2025 19:19
Сподели
Сподели

Јапонската амбасада донираше мобилен рентген апарат на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара денеска појасни дека станува збор за апарат марка „шимацу“ преку Програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP).

– Нашата влада ја започна GGP програмата во 1996 година и таа стана еден од важните столбови на билатералната соработка помеѓу Јапонија и Северна Македонија. Од 1996 година досега, преку GGP, Јапонија имплементираше повеќе од 70 проекти во здравствениот сектор на оваа земја, во вредност од речиси четири милиони евра. Драго ни е што нашата земја придонесе за подобрување на медицинските услуги и здравствената заштита во Северна Македонија, истакна амбасадорката.

Таа додаде дека во рамките на оваа програма, ова е 15. донација за Универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“. Бидејќи Универзитетската клиника е центар на медицинската служба во земјата, нагласи таа, прима пациенти од други градови, верува дека помошта е корисна не само за граѓаните на Скопје, туку и за целото население.

– Јапонскиот народ е горд што го обезбеди овој рентген апарат од реномирана јапонска компанија, што придонесува за попрецизен и навремен преглед на болни бебиња и деца. Според Универзитетската клиника за детски болести, донираната опрема веќе честo ce користи од февруари оваа година за потребни дијагностички процедури. Многу ми е драго што гледам дека нашата помош има значително влијание врз подобрувањето на медицинските услуги. Искрено се надевам дека ќе бидат спасени многу животи, а болните деца ќе можат брзо да се опорават преку точна дијагноза и соодветен третман, подвлече амбасадорката.

Реџеп Мемеди, директор на Клиниката, изрази благодарност за донацијата. Тој рече дека со оваа значајна и вредна донација на функционален мобилен рендгенски апарат за неонатални и педијатриски пациенти, покажана е голема хуманост спрема децата, нашите пациенти, а и спрема граѓаните на нашата земја.

– Овој рентген апарат, што има вредност од 60 540 евра, е од голема корист бидејки овозможува брза и прецизна дијагноза и поквалитетни медицински услуги за најмалите пациенти, додека мобилната дигитална технологија за снимање помага да се елиминираат повторните рендгенски прегледи и непотребниот транспорт или промени во позицијата на телото на пациентот, истакна директорот.

Притоа, тој појасни дека тоа значително им помага на новороденчињата, особено на прематурните, бидејќи нивните посебни медицински состојби често значат дека тие не можат да бидат извадени од нивните инкубатори и транспортирани до статички рендгенски апарат.

Директорот информираше дека по направените проверки и добиени дозволи од релевантните институци, апаратот е пуштен во употреба во февруари месец оваа година и досега се снимени околу 200 деца со новиот апарат.

Директорот изрази благодарност за поддршката и до Министерството за здравство. Тој посака одличната соработка со Амбасадата на Јапонија да продолжи и понатаму, со цел да се обезбеди поквалитетна медицинска грижа за неонаталните и педијатриските пациенти.

На денешната средба беше и претставникот на Светската здравствена организација во државава, Аким Али.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ објави имиња на кандидати за градоначалници во Кичево, Липково, Чашка, Студеничани и Брвеница
Следна Статија Сеизмолошките станици низ државава пред затворање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Само за една четвртина од онколошките пациенти има биолошка терапија, останатите не добиваат

Сите онколошки пациенти кои би можеле да ја користат биолошката терапија, истата не ја добиваат, односно пари има само една…

October 22, 2024
ЗДРАВЈЕ

(ФОТО) Спречен увоз на над 20 тони помфрит со поминат рок, уништени и 2.000 килограми небезбеден пилешки стек

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат…

November 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Уништена небезбедна храна во Крива Паланка

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спровеле вонредни контроли на операторите со храна во Крива Паланка…

November 13, 2024
ЗДРАВЈЕ

Итната помош имала 13 интервенции во Трубарево, а една жена е пренесена на Токсикологија

Екипите на Итната медицинска помош во текот на ноќта извршиле 13 интервенции во реонот на скопското село Трубарево, а едно…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?