Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Џен од Алжир е девојчето најдено мртво на плажа во Грција, мајката е обвинета за убиство со умисла
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Џен од Алжир е девојчето најдено мртво на плажа во Грција, мајката е обвинета за убиство со умисла
БАЛКАН

Џен од Алжир е девојчето најдено мртво на плажа во Грција, мајката е обвинета за убиство со умисла

Објавено August 5, 2025 19:54
Сподели
Сподели

Мистеријата за мртвото девојче пронајдено на плажа во близина на Атина е решена. Грчката полиција пронајде нови докази што упатуваат на нејзината мајка, 32-годишната Алжирка Варда Атруш. Таа сега е формално обвинета за убиство со умисла на малолетен член на семејството, како и за нанесување опасни телесни повреди во семејни услови на лице што не може да се брани.

Полицијата ја уапсила додека излегувала од зградата во која живеела со постар Грк, за кого сè уште не е познато дали бил присутен кога се случил инцидентот. Нови докази за убиството на девојчето, кое се викало Џен, полицијата пронашла во грмушки во близина на куќата во која живеела Алжирката. Таму била пронајдена торба со нејзините работи, меѓу нив чанта, облеката што ја носела тој ден, билет за трамвај, четка за коса и празно пакување лекови.

Во своите изјави мајката тврдела дека смртта на девојчето била несреќен случај, но пронајдените предмети, како што пишува „Прототема“, дополнително ја поврзуваат со злосторството. Според полициските информации што ги пренесува грчкиот весник, два дена по смртта на детето, осомничената контактирала со алжирската амбасада во Атина, барајќи начин да се врати во својата земја. Таму рекла дека има две деца, игнорирајќи го постоењето на починатата ќерка. Амбасадата ја упатила до Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и нејзината програма за доброволно враќање. Таа закажала состанок во ИОМ, од каде што требало да добие 500 евра за да се врати во Алжир, но не успеала да го реализира бидејќи била уапсена тоа утро.

За понатамошниот тек на случајот ќе се одлучува денеска, кога ќе биде изведена осомничената пред истражен судија. Во изјавата дадена за Крајбрежната стража и во полицијата, како што информираат грчките медиуми, таа прво рекла дека девојчето повеќепати паднало во бањата, поради што не можело да стои на нозе, па го полевала со вода, обидувајќи се да го освести, но не побарала лекарска помош бидејќи имала нерегулиран престој во Грција.

– Повраќаше од утрото и не јадеше како што треба. Падна во бањата и си ја удри главата. Потоа стана и пак падна, удирајќи се отстрана. Не можеше да стои. Ја полевав со вода за да ја освестам – изјавила пред крајбрежната стража и полицијата, користејќи преведувач, зашто наводно не знае грчки иако живее пет години во Грција, пишува „Прототема“.

Освен оваа, за случајот таа изнела и други верзии. Една од нив е дека мислела дека спие детето кога подоцна отишле на плажа, а кога сфатила дека е повредено, се исплашила, го оставила, сè уште живо, во морето и избегала со другите две деца. Потоа ја сменила изјавата и рекла дека влегла во морето со девојчето и го пуштила или дека ѝ се лизнало од раце. Сите овие верзии, според судскиот патолог Димитрис Галендерис, се противречни и не одговараат на наодите од обдукцијата. Според обдукцискиот наод, девојчето се удавило во плитка вода и биле пронајдени траги од вода и песок во нејзините бели дробови. Покрај тоа, девојчето имало повеќекратни повреди на лицето, вклучувајќи ги челото, очите, усните и носот, како и модринки на други делови од телото. Патологот додал дека девојчето имало хронично метаболно нарушување, што може да е потенцијален мотив за делото – обид за „ослободување од одговорност“. Според него, „забележаните повреди на черепот се случиле додека било живо детето“, но тие „не вклучуваат дисфункција на мозокот“, што не соодветствува со тврдењето дека ја загубило свеста од падот.

Додека продолжува истрагата за околностите на трагичната смрт на малата Џен, двете нејзини братчиња ќе бидат сместени во установа за згрижување деца. Иако се мали, на возраст од четири и пет години, експертите се обидуваат да извлечат изјави од нив, во присуство на стручни лица. За таткото на девојчето се знае дека има историја на семејно насилство и се претпоставува дека сега е во Сирија. Во текот на истрагата, исто така, беше откриено дека властите во 2022 година поднеле обвинение против мајката под сомнение за занемарување дете, бидејќи оставила двегодишно дете само во влезот од зградата. Тој случај бил затворен по усна наредба од обвинител.

За потсетување, телото на тригодишното девојче беше пронајдено на плажата во Палео Фалиро кај Атина на крајот од јули, а мајката, чие движење го открија уличните камери, беше уапсена на 2 август.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Србија ја обвини Бугарија за длабока шпионажа
Следна Статија Осуденик во Бардовци со стаклено шише усмртил друг осуденик, а пред 13 години во Неготино си ја убил и својата мајка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Сараево е најдобрата светска дестинација за 2025 година, според „Нешнал географик травел“

Сараево е прогласена за најдобрата светска дестинација за 2025 година, по избор на читателите на „Нешнал географик травел“ (National Geographic…

October 23, 2024
БАЛКАН

Oва е списокот на казни во Грција: Ако пушите во возилото, а носите дете под 12 години ќе платите 1500 евра

Во пресрет на туритичката сезона ви ги објавуваме сообраќајните казни во Грција Возење под дејство на алкохол – од 78…

May 22, 2025
БАЛКАН

Психијатарот ја разби одбраната на Урош Блажиќ дека суплементите „му го поматиле умот“ и затоа убивал

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, кој изврши масовно убиство во селата Мало Орашје и…

October 28, 2024
БАЛКАН

Уапсен водачот на кланот од Врачар: Џони падна во Барселона

„Никола Вушовиќ Џони беше уапсен во Барселона во координирана акција на УКП и шпанската полиција врз основа на српската потерница…

October 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?