Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зголемени температури во следните неколку дена, да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Зголемени температури во следните неколку дена, да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
ЗДРАВЈЕ

Зголемени температури во следните неколку дена, да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Објавено August 7, 2025 20:14
Сподели
Сподели

Од утре до 13 август, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат до 39 степени Целзиусови, поради што Министерството за здравство денеска апелира за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури.

Граѓаните да престојуваат во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, препорачува Министерстото, како и внес на доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци.

Во продолжение следуваат останатите препораки од Министерството за заштита од високите температури:

-Носете лесна, светла облека и користете заштита за глава и очи.

-Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот.

-Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури.

-Во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош.

-Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот.

-Обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25°C) на работното место и во домот.

Министерството, како што се наведува во соопштението, внимателно ја следи состојбата на дневна основа и ќе постапува согласно проценките и потребите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Преживеал два дена со стрела во главата, лекарите опишуваат чудо: „Ја држела раната затворена, како чеп“
Следна Статија ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клековски: На болничко лекување остануваат уште тројца од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“

Уште двајца од повредените млади луѓе во пожарот во кочанската дискотеката „Пулс“, се пуштени на домашно лекување, а на болничко…

August 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

Истражувачите долго време се сомневаа дека врската меѓу цревата и мозокот има улога во појавата и развојот на Паркинсоновата болест.…

August 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Три нови случаи на голема кашлица во Македонија

Три нови случаи на голема кашлица се регистрирани во периодот од 01-07.11.2024 година, објави Институт за јавно здравје. Пријавени се…

November 9, 2024
ЗДРАВЈЕ

Пациентите да ги пријавуваат лекарите митаџии и да им се одземе лиценцата, повикува министерот Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе продолжат акциите со цел да се откријат евентуални злоупотреби од здравствени…

January 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?