Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нови директори на клиниките за Кардиологија и Неврологија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Нови директори на клиниките за Кардиологија и Неврологија
ЗДРАВЈЕ

Нови директори на клиниките за Кардиологија и Неврологија

Објавено August 8, 2025 13:41
Сподели
Сподели

Д-р Даница Петкоска Спирова е нов директор на Клиниката за кардиологија. Таа е истакнат субспецијалист кардиолог специјализиран за напредна трансторакална и трансезофагеална ехокардиографија, како и дуплекс ехосонографија на каротидните артерии.

Со своите вештини се здобила во својата матична установа, со доусовршување при престој во светски кардиолошки центри. Диломирала на Медицинскиот факултет во Скопје 2007 година, а последно се здобива со звањето Доктор по медицински науки со фокус на Кардиологијата, поточно во полето на инвазивни техники во третман на каротидната артериска болест, за која има бројни предавања на интернационални стручни и научни конгреси.

Од 2011 година е вработена на Универзитетската Клиника за Кардиологија каде што ја применува својата експертиза во напредни дијагностички и терапевтски процедури.

Д-р. Петкоска придонела за оваа област со бројни публикации во рецензирани списанија со висок импакт фактор и е учесник во повеќе интернационални научни студии од областа на Кардиологијата.

Д-р Игор Кузмановски, роден 1972 во Скопје е вработен на Клиниката за неврологија од 1996 година. Тој сега е назначен за нејзин директор.

Завршува медицински факултет на државниот универзитет во Скопје со просечна оцена 9.12. Положил специјалистички испит по предметот Неврологија во 2002.

Докторирал 2016 и е актуелен професор на Медицински факултет Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гувернерот Славески: Со раст од 5 до 6% годишно, Македонија може да го преполови времето за конвергенција со ЕУ
Следна Статија Уште едно убиство во Штип: 65-годишна жена го убила својот 71-годишен сопруг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Револуционерниот успех на докторите: „Имаме третман за една од најстрашните болести“

Во револуционерно клиничко испитување, лекарите за прв пат успешно ја излекуваа Хантингтоновата болест, катастрофална наследна болест која постепено ги уништува…

September 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Девет хирурзи беа на обука во Турција за трансплантација на бубрзи и црн дроб, дарувањето орган претставува највозвишен акт на хуманост и солидарност

Министерот за здравство, Азир Алиу и заменик министерот, Јовица Андовски, учествуваа на работна средба по повод одбележување европски викенд на…

October 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Dove гелот за туширање повлечен од пазарот

Системот RAPEX за брза размена на информации за небезбедни производи што се пласирани на единствениот пазар на ЕУ, ги информира…

August 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на луѓето

Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на човекот, а според лекарите, засегнати се и хронично болните, но и работоспособните…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?