Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сè уште не се исплатени јунските плати на фирмите ќерки на „Паркови и зеленило“ – вработените повторно на протест
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Сè уште не се исплатени јунските плати на фирмите ќерки на „Паркови и зеленило“ – вработените повторно на протест
ЕКОНОМИЈА

Сè уште не се исплатени јунските плати на фирмите ќерки на „Паркови и зеленило“ – вработените повторно на протест

Објавено August 8, 2025 16:24
Сподели
Сподели

Вработените во друштвата со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на ЈП „Паркови и зеленило“, денеска повторно излегоа на протест, блокирајќи го булеварот „Илинденска“ во Скопје. Протестот се одржа со поддршка на Синдикатот на СУТКОЗ и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), а со работниците беа и претседателот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски, и претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Протестот следи поради неисплатени плати, при што вработените најавија и порадикални мерки, меѓу кои и целосно блокирање на раскрсницата на булеварот.Покрај барањето за итна исплата на платата за месец јуни, работниците бараат и исплата на регресот за годишен одмор за 2022, 2023 и 2024 година, како и обезбедување редовна исплата на платите за да се избегнат нови протести.

„Доколку не биде исплатена платата за месец јуни најдоцна до 22 јули 2025 година, на 23 јули повторно ќе излеземе на протест,“ предупредија работниците и синдикалните лидери, обвинувајќи го раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ за недомаќинско работење и игнорантски однос кон вработените.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меџити: Војната на УЧК во Косово и Македонија беше праведна и разумна
Следна Статија Пад на цената на нафтата, раст на златото и на пченицата на европските берзи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нови членови од Управниот и Надзорниот одбор купуваат акции од „Гранит“

Членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопје се стекнаа со акции од издавачот на хартии…

November 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП со апел до угостителите: За претстојните празници работете во согласност со законите

Управата за јавни приходи ги потсетува сите угостители кои организираат предновогодишни и новогодишни дневни или вечерни прослави и продаваат влезници…

December 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска – Бежоска – Петрова: Преку соработка на институциите до зголемена заштита на граѓаните

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка остварија средба со директорката на Управата за јавни приходи, Елена…

October 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Ги консолидиравме и стабилизиравме јавните финансии, потврда добивме и од „Фич“

Покрај сите предизвици со кои се соочивме успеавме да ги консолидираме, да ги исконтролираме и да ги стабилизираме јавните финансии…

October 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?