Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тројца приведени во врска со пукањето во Тетово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тројца приведени во врска со пукањето во Тетово
ХРОНИКА

Тројца приведени во врска со пукањето во Тетово

Објавено August 11, 2025 18:53
Сподели
Сподели

Три лица се приведени во врска со вчерашната вооружена престрелка во Тетово во која едно лице беше убиено, а четворица, меѓу кои и малолетно девојче, се повредени.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), при претрес на повеќе локации во тетовското село Гајре биле пронајдени предмети од интерес на истрагата.

„Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на предмети и други лица кои биле инволвирани во престрелката“,додаваат од МВР.

Вчера околу 12 часот напладне во Тетово се случи вооружена престрелка во која едно лице го загуби животот, а четири лица, меѓу кои и малолетно девојче, беа повредени. Пукањето се одвивало меѓу лица од две возила, при што се случила и сообраќајна несреќа. Возилата потоа го напуштиле местото на инцидентот.

По вчерашниот инцидент, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, денеска го посети Секторот за внатрешни работи Тетово и порача дека полицијата ги ставила во функција сите потребни служби со цел да бидат пронајдени сите инволвирани во вчерашниот инцидент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Албанезе
Следна Статија ДКСК потсетува на забраните за вработувања и за трошењето буџетски пари пред локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана

Државјанин кој бил меѓународно баран за три убиства во Македонија е уапсен во Тирана од страна на државната полиција, во…

January 27, 2026
ХРОНИКА

Гостиварец измамен за 200.000 евра од Нигериец и Литванци за изградба на фотоволтаици

Измамен жител од гостиварско од Нигериец и двајца Литванци за 200.000 евра. На 01.01.2025 во СВР Тетово 58- годишник од…

March 2, 2025
ХРОНИКА

Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,…

July 5, 2025
ХРОНИКА

Уапсено е лице што за време на натпреварот во Куманово се обидело да внесе транспарент со навредлива содржина

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово денеска лишија од слобода триесетгодишен кумановец што се сомничи дека за…

August 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?