Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Институциите доставуваат пријави, но борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со вакво Обвинителство и републички обвинител
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Институциите доставуваат пријави, но борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со вакво Обвинителство и републички обвинител
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Институциите доставуваат пријави, но борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со вакво Обвинителство и републички обвинител

Објавено August 14, 2025 13:37
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со вакво Обвинителство и републички обвинител. Институциите вели тој, постојано поднесуваат пријави за сторен криминал, но, нагласува обвинителството не презема ништо.

Институциите преземаат мерки, доставуваат пријави, но треба обвинителството да преземе. Тоа е суштината. Не можете вие со ова обвинителство, со овој обвинител да очекувате резултати во борбата против корупцијата и криминалот. Можа да ги набројам можеби 100, 200 пријави од страна на институциите кои се доставени до обвинителството, таму нема никаков резултат така што треба обвинителството да преземе, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали не е време институциите да преземат мерки со оглед на тоа што Државниот завод за ревизија постојано објавува извешаи за криминали и недоследности.

Според премиерот Мицкоски, кој присуствуваше на увид на градежни активностои на патот од Климештица до Охрид, институциите постојано преземаат мерки, но, како што нагласи, тоа со овие обвинители, со овој обвинител е залудно.

Собранието на 29 јули, годинава со 71 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“ ја прифати интерпелацијата за работата на Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од Левица.

Собранието изгласа и заклучок во кој констатира дека наводите во интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Коцевски се основани, и кој требаше да се достави до Владата и до државниот јавен обвинител.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откриена царинска измама со увоз на месо во вредност од 7 милиони денари
Следна Статија Голем гест на Челзи: Премиите од 15 милиони фунти ќе ги донира за семејството за Жота

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје

Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!, порача…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Уставен поведе постапка за нееднаков третман при добивање парична помош за новороденчиња

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 37 став 1, во делот „родено на територијата на Република …

May 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

ДКСК со потпис на Димитровска отфрлила две пријави поврзани со „Адитив“

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), со потпис на претседателката Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна,…

April 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нов марш во Кочани: „Џабе стоиме, они се во апартманите во Грција“

Попладнево низ улиците на Кочани, родителите на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“, организираа нов протестен марш, со кој уште…

July 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?