На Фејсбук страницата Podgorički.info беше објавена сметка од ресторан во Будва, што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Јасно пишува – пиво 9 евра, пица капричиоза 22 евра, шише минерална вода 5 евра, а дополнително се наплаќа сервисна услуга од 12,17 евра. Вкупно, за неколку пијалоци, две пици и чинија со овошје, гостите платиле дури 133,87 евра, пишува biznescg.me.
Ваквите примери, за жал, не се ретки на црногорскиот брег и ги полнат рубриките на медиумите и социјалните мрежи секое лето.
Додека угостителите ги оправдуваат своите цени со „високи трошоци за бизнис“ и „светски стандарди“, туристите често си заминуваат со горчина и ветување дека нема да се вратат.
Поради ваквите ситуации, сезоната во Црна Гора трае само неколку недели – сè додека првиот бран гости не сфати дека „топло добредојде“ во форма на претерани цени ги чини колку одмор на многу попознати и попристапни дестинации.