И оваа година ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа на Академско рангирање на светските универзитети.
Приматот за најдобар универзитет во светот, по 23-ти пат го освои Харвард.
По Харвард, следуваат Стенфорд и МИТ, меѓу првите десет се и Кембриџ (4), Беркли (5), Оксфорд (6), Принстон (7), Колумбија (8), Калтех (9) и Чикаго (10).
Универзитетите се рангираат врз основа на шест параметри, вклучувајќи го бројот на поранешни и сегашни вработени кај добитниците на Нобелова награда и Филдсов медал, бројот на трудови објавени во списанијата Nature and Science, бројот на високо цитирани истражувачи според Clarivate, бројот на трудови индексирани во Science Citation Index – Expanded и Social Sciences Citation Index (Web of Science) и перформансите на универзитетот по глава на жител.
Како помина регионот
- Србија: Универзитетот во Белград е во групата 401–500 и останува меѓу највисокорангираните во поширокиот регион.
- Словенија: Универзитетот во Љубљана е позициониран 501–600.
- Хрватска: Универзитетот во Загреб бележи пад и е 601–700, откако минатата година беше во 401–500.
- Грција: Националниот и каподистријански универзитет – Атина и Аристотеловиот универзитет – Солун се во опсег 501–600, додека Универзитетот на Крит е 801–900.