Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пожарот кај Јажинце е ставен под контрола, информираат од ЦУК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пожарот кај Јажинце е ставен под контрола, информираат од ЦУК
МАКЕДОНИЈА

Пожарот кај Јажинце е ставен под контрола, информираат од ЦУК

Објавено August 15, 2025 21:04
Сподели
Сподели

Големиот пожар што избувна во атарот на селото Јажинце во Општина Јегуновце е ставен под контрола по брзата и ефикасна акција на сите надлежни служби, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во гаснењето на пожарот биле вклучени пожарникари од Тетово, специјални екипи на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), а се интервенирало и со воздухопловна поддршка со „ертрактор“ и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Навремената реакција на терен овозможи ширењето на огнот да биде ограничено, со што се спречи поголема штета на инфраструктурата и имотот на граѓаните“,велат од ЦУК.

Оттаму додаваат е важна брзата координација и меѓусебната соработка на институциите во кризни ситуации.

Претходно од ЦУК информираа дека попладнево се разгоре пожарот кај селата Рогачево и Јажинце.

Поради тоа беше затворен граничниот премин „Јажинце“ кон Косово и патот до него, кој за кратко беше повторно отворен.

Од ЦУК ги повикаа граѓаните да ја избегнуваат областа и да ги ослободат патиштата за возилата на службите за итна интервенција да можат непречено да поминуваат.

Инаку, од ЦУК велат дека до 18 часот се активни три пожари на отворен простор. Покрај тој кај селата Рогачево и Јажинце во Општина Јегуновце, сè уште гори и во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во Општина Македонски Брод и кај селото Радово во Општина Босилово.

Според информациите од ЦУК, изгаснати се седум пожари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Санкционирани 106 субјекти од УЈП за неполна недела
Следна Статија (ВО ЖИВО) Следете го самитот Путин-Трамп, двајцата слетаа во Алјаска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Демократски зрело е членовите на Судски совет да си поднесат оставки после изгласана недоверба

„Тие што сметаат дека никој не носи одговорност и дека не смее да се покрене интерпелација за избраните членови на…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мигранти од Велика Британија нема да има,велат од ВМРО-ДПМНЕ

Партијата СДС, која е синоним за криминал и корупција, луѓето кои ја уништија државата како Заев, Филипче, Ковачевски, Николовски и…

December 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

На локалитетот Влахо се откриени неолитски дрвени предмети, најстари во Европа?!

Најновите наоди од теренските истражувања на неолитската населба Влахо кај Живојно во Пелагонија, која е една од најстарите од овој…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

РСЕ: Двојните аршини на обвинителите и судиите

Како функционираат некои обвинители и судии пример е акцијата на полицијата по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на…

March 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?