Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Им побарал 10.000 евра за да им среди во постапки во Кривичен и Апелационен суд во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Им побарал 10.000 евра за да им среди во постапки во Кривичен и Апелационен суд во Скопје
ХРОНИКА

Им побарал 10.000 евра за да им среди во постапки во Кривичен и Апелационен суд во Скопје

Објавено August 16, 2025 13:48
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – примање награда за противзаконито влијание.

Според истрагата, во периодот од април до август годинава, осомничениот примил 10.000 евра за да искористи свое претпоставено влијание и да интервенира за извршување службено дејствие кое не смеело да се изврши – односно наводно да влијае врз одлуки во граѓански судски постапки пред Основниот граѓански суд Скопје и Апелациониот суд Скопје.

Случајот започнал кога управител на едно правно лице, кој бил во судски спор, добил информации дека спротивната страна вршела сериозно влијание врз судиите со поткупи. За да ја провери информацијата, преку пензиониран судија добил контакт од осомничениот, кој му бил претставен како „лице близок со судии од Апелациониот суд Скопје“.

При првата средба, осомничениот директно побарал 16.000 евра за да заврши спорот во корист на фирмата на пријавителот. Дополнително ги уверувал дека другата страна давала уште повисоки суми, но судиите не прифаќале да донесат одлука без правна основа.

Поради неможност да обезбеди целата сума, пријавителот со осомничениот се договорил исплатата да се врши во три рати. На 30 април му предал 5.000 евра, по што осомничениот го уверувал дека исходот на постапката е сигурен. Во наредниот период тие останале во постојана комуникација.

Меѓутоа, пријавителот потоа ја пријавил трговијата со влијание, а при следната исплата од 5.000 евра, осомничениот бил фатен на лице место и лишен од слобода веднаш по примопредавањето на парите.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка притвор, оценувајќи дека се исполнети законските услови за тоа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски, со 200 илјади евра преку Еразмус +, уште ли одработува заради тоа?
Следна Статија Николоски: Ги решаваме проблемите од минатото, со засилено темпо работиме на автопатот Охрид-Кичево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дали постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали Јавното обвинителство го крие во фиока, затоа што штитат функционери…

September 7, 2025
ХРОНИКА

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи: Мачени, па ликвидирани?

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка. Телата на двајца Срби и еден…

August 14, 2025
ХРОНИКА

Почина македонската легенда Драган Б. Костиќ

Утринава, сабота (20.Декември) по кратко боледување на 75 годишна возраст почина македонската радиоводителска легенда Драган Б. Костиќ. Веста за неговата…

December 20, 2025
ХРОНИКА

Кривична за началничка – Си овозможила бонус плата за 2023 година иако не го исполнила условот

Кривична пријава против началничка на одделение во Одделот за обезбедување на личности и објекти за „злоупотреба на службената положба“  Одделот…

April 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?