Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Безбедноста на жичницата на Водно е по сите пропишани стандарди, велат од ЈСП Скопје по реакциите дека била небезбедна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Безбедноста на жичницата на Водно е по сите пропишани стандарди, велат од ЈСП Скопје по реакциите дека била небезбедна
МАКЕДОНИЈА

Безбедноста на жичницата на Водно е по сите пропишани стандарди, велат од ЈСП Скопје по реакциите дека била небезбедна

Објавено August 18, 2025 09:03
Сподели
Сподели

Безбедноста на жичницата на Водно е по сите пропишани стандарди. Таа има валиден безбедносен сертификат до 25 септември годинава. Во тек е тековен сервис, кој се врши овој месец. Направен вонреден детален технички инспекциски надзор од Министерството за транспорт и врски во кој исто така не беа констатирани технички недостатоци, односно беше констатирано дека жичницата е во исправна и функционална состојба, велат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје како реакција на информациите кои излегоа во јавноста дека е нарушена безбедноста на жичницата и оти подолг временски период работела без дозвола.

„По многуте пишувања и шпекулации во медиумите, должни сме да не дозволиме да се створи паника околу безбедноста на жичницата. Жичницата има валиден сертификат за работа до 24 септември 2025 година. Во моментов се спроведуваат сервисни работи за замена на делови кои се дел од предвидениот годишен сервис“, велат од ЈСП Скопје.

Оттаму додаваат дека во текот на вчерашниот ден бил направен вонреден детален технички инспекциски надзор од Министерството за транспорт и врски во кој исто така не биле констатирани технички недостатоци, односно било констатирано дека жичницата е во исправна и функционална состојба.

„Ве известуваме дека безбедноста е по сите пропишани стандарди и по завршување на тековниот сервис кој се врши месецов се гледаме, на падините на Водно и граѓаните повторно ќе го почувствуваат бенефитот од функционирањето на жичницата“, велат од ЈСП Скопје.

Жичницата што ги превезува скопјани и туристите од Средно Водно до врвот на ридот и Милениумскиот крст повеќе денови е запрена поради голем сервисен зафат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица
Следна Статија (Видео) Поплави во Љубојно по силното невреме: мештаните алармираат за сечата на шумите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ИФФК „Браќа Манаки“ ја врачи наградата Златна камера 300 за животно дело на Дариус Конџи

Во Битола синоќа на свеченост во чест на лауреатот на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, Дариус Конџи, министерот за…

September 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Треба да се купи нов владин авион

Ако сакаме да бидеме сериозна држава, треба да имаме соодветен авион што ќе одговара на потребите на државниот врв и…

January 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мајката на Артан Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Зухра Груби, мајката на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој со месеци е во бегство и се наоѓа на меѓународна…

June 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на нестабилно време со дожд и грмежи. Според синоптичарите, утре во…

April 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?