Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за добиената арбитража за „Казандол“: Нема да има отворање на рудникот, прашање е како порано се губеле арбитражите!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за добиената арбитража за „Казандол“: Нема да има отворање на рудникот, прашање е како порано се губеле арбитражите!
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за добиената арбитража за „Казандол“: Нема да има отворање на рудникот, прашање е како порано се губеле арбитражите!

Објавено August 20, 2025 13:31
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски по отворањето на нова хала на компанијата „Амфенол“ во Општина Кочани одговараше на новинарски прашања. Запрашан за арбитражата за сличајот „Казандол“ даде свое видување.

-Ова е втора арбитража која оваа Влада ја добива. И очекуваме барем уште две во периодов кој што следи. Но вистинското прашање е како во минатото во пракса е да се губат арбитражите и сега наеднаш арбитражите е добиваат во полза на државата. Треба тоа да се истражи, изјави Мицкоски.

Премиерот потврди дека направиле промена во адвокатскиот тим, но и дека е симптоматично како во минатото се губеле сите арбитражи како по правило, а сега се добиваат.

-Во случајот станува збор за арбитража која вредеше околу 115 милиони евра, толку беше тужбеното барање на спротивната страна која што го побарувше од тужениот во случајов тоа е Македонија, потенцира Мицкоски.

Како причина да се случи оваа арбитража е раскинатата концесија од страна на Владата за формирање на рудникот „Казандол“.

-Сопствениците на инвестицијата почувствувале дека имаат изгубен профит, дека имале штета и покренале арбитража против државата во вредност 115 милиони евра односно барале оштета како ошетно побарување од 115 милиони евра. Го изгубија, тоа значи дека тие немаат концесија, изјави премиерот Мицкоски.

И додаде дека не е вистина дека со ова што компанијата изгубила сега веќе ќе има отворање на рудникот и дека тоа е повторно конструкција и обид за манипулација од одредени кругови коишто не и мислат добро на Македонија и на граѓаните во Македонија, потенцира Мицкоски во изјавата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот
Следна Статија Алиу најави промени на 12 закони, меѓу кои и дигитализација и надградба на „Мој термин“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Зиријета Јајага на местото на Нафије Селмани во Советот на АВМУ

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска едногласно усвои Предлог-одлука за именување на членови на Советот на Агенцијата…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Марш на ангелите“ во сабота во Скопје

Во сабота (15.11.2025) во Скопје ќе се одржи новиот протестен „Марш за ангелите“, во знак на сеќавање на 63-те жртви…

November 12, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево за вредностите кои ги застапува Александар

По вториот круг очекувам 59 градоначалници да има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со што ќе ја заокружиме највисоката бројка во…

October 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дали Љупчо Коцевски свесно ја компромитирал акцијата на МВР за кочански „Пулс“?

Дали Љупчо Коцевски вчера, во настап на ТВ Телма, свесно ја компромитираше најновата акција на МВР во Кочани, поврзана со…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?