Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На Богородица спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > На Богородица спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови
ЗДРАВЈЕ

На Богородица спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови

Објавено August 20, 2025 17:37
Сподели
Сподели

Царинските службеници на граничниот премин Богородицаоткрија и спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот простор на изнајмено возило. Против едно лице, државјанин на Косово, Одделението за истраги во Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.

Станува збор за аналгетици, анестетици и антиалергиски раствори во стаклени вијали, кои биле во рефузна состојба, односно без оригиналното пакување, како и без соодветни дозволи и сертификати од надлежни институции. За да избегне царинска контрола, сторителот лековите ги наредил во редови и ги скрил меѓу патнички перничиња за врат, сместени во три картонски кутии.

Со ваквиот начин на транспорт се загрозува безбедноста на граѓаните, бидејќи лекови кои не се соодветно декларирани, складирани, транспортирани и без соодветни дозволи и сертификати можат да претставуваат сериозен ризик по здравјето.

По брзата реакција на инспекторите, кои работеа на случајот во текот на изминатото деноноќие, поднесена е кривична пријава до ОЈО Гевгелија, од каде што е изречена мерка за одземање на лековите.

Царинската управа ќе продолжи со засилени контроли на граничните премини со цел спречување на шверц на лекови и заштита на јавното здравје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјиштето на Мијалков во Гевгелија го купи фирма во која и балерина до лани била еден од сопствениците
Следна Статија До крајот на следната година „Амфенол“ ќе има 3700 вработени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ успешно се изведени две сложени трансплантации на коска од починати донори, со што…

June 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Седум намирници за природна детоксикација на црниот дроб: Ги чисти мастите и ги исфрла токсините

Храната богата со растителни влакна и антиоксиданси може да помогне во детоксикацијата на црниот дроб. Таа го поддржува елиминирањето на…

August 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Витаминот кој треба да го пијат сите над 50 години

Соодветниот внес на витамини може да помогне во спречување на хронични болести, подобрување на физичките и когнитивните перформанси и целокупното…

January 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Чибишев: Цел тим на обвинители требаше да влезе на Онкологија

Аферата Онкологија ќе остави многу тешки последици во македонското здравство и уште долги години ќе го обременува и ќе ги…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?