Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе биде ли Бети Стаменкоска Трајкоска кандидатка за градоначалник на Кисела Вода од ВМРО ДПМНЕ?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ќе биде ли Бети Стаменкоска Трајкоска кандидатка за градоначалник на Кисела Вода од ВМРО ДПМНЕ?
ПОЛИТИКА

Ќе биде ли Бети Стаменкоска Трајкоска кандидатка за градоначалник на Кисела Вода од ВМРО ДПМНЕ?

Објавено August 21, 2025 09:24
Сподели
Сподели

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, преку објава на социјалните мрежи истакна дека Општина Кисела Вода за неа не е само место на живеење и работа, туку вистинска заедница во која вложува енергија и верба.

„Имав привилегија да соработувам со градоначалник како Орце Ѓорѓиевски – човек кој не постави само цели, туку и многу високи стандарди. Тоа не создава притисок, туку поттик за да се продолжи со истата сериозност, чесност и почит кон граѓаните,“ вели Стаменкоска Трајкоска.

Таа нагласи дека фактот што нејзиното име се појавува во анкетите на партијата како можен кандидат за градоначалник на Кисела Вода го доживува како знак на доверба, но и како сериозна обврска и чест.

„Присутна сум во својата заедница, информирана и активна. Успешните приказни треба да продолжат затоа што тоа ѝ го должиме на секоја улица, секое маало, секое семејство во Кисела Вода,“ додаде таа.

Стаменкоска Трајкоска потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ располага со кадри кои не ја учат политиката од функцијата, туку носат знаење, искуство и чувство на припадност уште пред да седнат на било која позиција. „Верувам во тимот во кој сум дел. Верувам во вредностите што нè водат. А пред сè верувам во тоа дека граѓаните гледаат и ја препознаваат работата,“ завршува нејзината порака.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Погледнете како мува му донесе награда од 2 милиони долари на голфер (ВИДЕО)
Следна Статија За тероризам ќе се гони лицето што се закануваше со подметната бомба во авионот од Скопје кон Анталија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Владата катастрофално ја менаџира економијата, стандардот срозен, цените вртоглаво растат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашното гостување во подкастот „Политиканти“, истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ во…

May 9, 2025
ПОЛИТИКА

Коалицијата „Вреди“ денеска се обединува во еден политички субјект

Политичката коалиција „Вреди“ денеска во Скопје ќе одржи Конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело. Процесот…

May 9, 2026
ПОЛИТИКА

ДУИ и од трагедијата во Кочани ги дели граѓаните на наши и ваши, на Македонци и Албанци?!

Борбата против криминалот нема боја, раса и припадност, иако, за жал за СДСМ и ДУИ има. Тие и од оваа…

March 17, 2025
ПОЛИТИКА

Уште два дена кампања за повторените локални избори во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Во недела на 11 јануари во земјава треба да се одржат повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше,…

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?